Околу 100 жители на општина Кривогаштани, и денеска, по 4-ти пат, предводени од првиот човек на општината, градоначалникот Тони Заткоски, заминаа да помогнат околу расчистувањето на теренот во поплавените подрачја во Скопје. Екипите од Кривогаштани се распределени во Сингелиќ. Од локалната самоуправа на Кривогаштани информираат дека денеска освен помош во човечки ресурси, од Кривогаштани за поплавените жители биле донирани и мебел, покуќнина , храна и хигиенски средства во вредност од 20.000 евра. Екипата од Кривогаштани во Сингелиќ била пречекана од градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.„По 4-ти пат и денеска заминуваме за Скопје. Жителите на Кривогаштани уште еднаш ја покажуваат својата хуманост на дело. Околу 100 луѓе од целата општина денеска ќе присуствуваат во скопски Сингелиќ каде на настраданите жители од поплавите ќе им помогнеме околу расчистување на нивните домови кои беа уништени во катастрофалното невреме. Потребно е тие луѓе што е можно поскоро да си го вратат својот живот во нормала, а ние како општина, и понатаму според нашите сили и можности, ќе принедонесуваме тоа да се случи колку што е можно побрзо. Тука морам да потенцирам дека од почетокот на акцијата за расчистување на поплавите во Скопје на терен постојано се наоѓаат 14 луѓе од Кривогаштани, 10 од нив се вработени во ЈП „Пелагонија“ и 4 се пожарникари од ТППЕ Кривогаштани. Тие се таму присутни со пумпи за вадење на вода и една цистерна. Исто така ја поздравуваме и одлуката на Владата за 100 процентно обештетување на жителите од овие подрачја“, изјави Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
Од општина Кривогаштани информираат дека донатори во денешната акција биле компаниите, Ел електрик лајв, ДООЕЛ Стефан, Повардарие, Кули, Пелистерка, Пекара ИГА, бурекџилница Калимеро, Анита мебел, земјоделски аптеки Стефан, ресторан Бунарче и пекара Ивона.
Инаку општина Кривогаштани веќе една недела има отворено и пункт за собирање на донации кој е лоциран во објектот на ТППЕ Кривогаштани. Претходно во Скопје беа дистрибуирани околу 4 тони на вода, повеќе килограми на конзервирана храна, бебешка опрема и средства за хигиена.„По 4-ти пат и денеска заминуваме за Скопје. Жителите на Кривогаштани уште еднаш ја покажуваат својата хуманост на дело. Околу 100