Нова сезона во Балканската Интернационална Кошаркарска Лига – БИБЛ

БИБЛ постигна тригодишен договор со СИГАЛ-УНИКА, членка на австриската UNIQA Insurance Group(Скопје, 14.10.2015) – Балканската Интернационална Кошаркарска Лига со гордост и задоволство најавува дека почнувајќи од сезоната 2015-2016 ќе има ново име: СИГАЛ – УНИКА Балканска Лига. На почетокот на месецов, менаџментот на БИБЛ постигна тригодишен договор со СИГАЛ – УНИКА, членка на австриската UNIQA Insurance Group.
 “Ние, како БИБЛ, сме навистина горди што компанија со репутација и големина на СИГАЛ УНИКА Групацијата се согласи да соработува со овој балкански проект и ни дада можност да го носиме нивното име во следните 3 години. Тоа само покажува и докажува дека иако Балканската Лига е присутна само во овој регион, со добра организација и бенефити за локалните заедници преку развој на спортот, БИБЛ ја стекна довербата на овој познат бренд. Би сакал да ја изразам мојата благодарност до СИГАЛ УНИКА, особено до Господинот Авни Понари, кој е наш добар пријател и пријател на кошарката”, изјави Господин Шај Штрикс, Спортски Директор на БИБЛ.
Оваа година, во лигата ќе учествуваат три тимови од Црногорската кошаркарска лига, еден од Македонската лига, два од Националната кошаркарска лига на Бугарија, како и три тимови од Косовската кошаркарска лига.
“Сигал Уника е бренд кој верува во важноста на спортот, како начин да се изгради синергија меѓу луѓето. Кошарката е спорт кој води кон развој на социјални вештини, почит, зајакнување, интегритет, истите вредности кои ги поседува СИГАЛ УНИКА. Поради тоа сме навистина горди да ја најавиме соработката со БИБЛ Кошаркарската лига и ни е навистина задоволство што таа ќе биде наречена СИГАЛ – УНИКА Балканска лига”, изјави Господин Авни Понари, Главен Извршен Директор на СИГАЛ – УНИКА и Претседател на Албанската кошаркарска федерација.
Забелешка: УНИКА Групацијата е една од водечките осигурителни групации на нејзините главни пазари во Австрија и Централна и Источна Европа. Поседуваат околу 40 компании во 19 земји и опслужуваат повеќе од 10 милиони корисници. Со УНИКА и Раифеизен осигурување, тие се двата најсилни осигурителни пазари во Австрија и се добро позиционирани на пазарите во Централна и Источна Европа. УНИКА Групацијата е лоцирана во Австрија и Централна и Источна Европа. Компанијата работи во Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Косово, Лихтенштајн, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Швајцарија и Украина, а во повеќето од овие земји ја имаат водечката позиција на пазарот.(Скопје, 14.10.2015) – Балканската Интернационална Кошаркарска Лига со гордост и задоволство најавува дека почнувајќи од сезоната 2015-2016 ќе има

Пронајдете не на следниве мрежи: