Претставници на локалната самоуправа, на месните заедници, на Советот на општината, претставници на Полициската станица од општа надлежност-Кисела Вода, на Одделението за превенција при СВР Скопје, жители на општината, до доцна во ноќта вршеа обиколка на повеќе локации низ општината каде што има собирање на млади лица во доцните часови, места каде што има евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а понекогаш и регистрирани кривични дела. Оваа превентивна активност, која има за цел секој во своето населено место да може да даде свој придонес кон зголемување на безбедноста и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир, овој пат се одвиваше во Пинтија, Припор, Кисела Вода, Расадник, во поголемите паркови низ општината, дворовите на повеќе училишта и градинки…Со лицата кои беа затекнати на посетените локации се разговараше и им беа објаснети законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.
Проектот “Соседска патрола” не е единствениот кој Министерството за внатрешни работи, преку СВР-Скопје и ПСОН Кисела Вода, го спроведува заедно со општина Кисела Вода. Пред само една седмица, беа реализирани активности во рамките на проектот за превенција од кражби во овој дел од градот. На возачите им беа делени освежувачи за воздух за во автомобил на кои е испишана пораката “Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”, беше одржана и средба со претставници на месните и урбаните заедници на која се дискутираше за превентивните мерки што треба да се превземат за заштита на домовите од кражби. На истата беа поделени и летоци со конкретни совети кои потоа беа залепени на влезовите во зградите.
Заедничките проекти на овие институции кои имаат за цел зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места, како и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир на ова подрачје, ќе продолжат и понатаму.Со лицата кои беа затекнати на посетените локации се разговараше и им беа објаснети законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можа
Пронајдете не на следниве мрежи: