Нова теорија за изградбата на Египетските пирамиди!

Според теоријата и верувањето кои постојат со векови, Египетските пирамиди се изградени со подигнување на камењата преку разни рампи и дигалки, но една нова теорија тврди дека тешките гранитни блокови се градени од внатрешноста кон надвор.Инженерот Питер Џејмс од Њупорт вели дека градбата на огромните пирамиди со било какви рампи од надворешната страна би било невозможно, бидејќи тие би требало да бидат исклучително големи и премногу стрмни, што би го направило качувањето на блоковите исклучително тешко.
Тој верува дека античките жители на Египет прво го изградиле внатрешното јадро користејќи цик-цак рампи, со помали и полесни блокови, додека надворешната страна ја изградиле со помош на скелиња. Тоа значи пирамидите се градени во слоеви, а дека за врвот се користени скелиња.

Питер Џејмс и неговата компанија Cintec се експерти во областа на градежништвото и во изминатите 18 години се занимаваат со истражување на пирамидите.
„Гледајќи ги пирамидите од гледна точка на градежник, а не археолог, станува јасно дека досегашните теории се бесмислени. Погледнете ги бројките. Според некои теории, за поставувањето на два милиони блокови, тие би требало да поставуваат по еден на секој три минути. Тоа е невозможно со градбата од надворешната страна, бидејќи во некои ситуации, рампите би требало да бидат поголеми и од самите пирамиди“ – смета овој експерт.

Освен тоа, тој прашува што се случило со рампите откако биле изградени пирамидите.
„Верувам дека пирамидите се изградени како што денеска се градат куќите. Морале да постават четири агли, а потоа ги изградиле пристапните точки во центарот на пирамидата, па одредиле каде ќе биде гробницата која е изградена со гранит“ – објаснува Џејмс.
Според него прво е изградена гробницата, па потоа е градено врз неа. Теоријата на Џејмс се поклопува со ставот на францускиот архитект Жан-Пиер Худини од 2007 година, кој тогаш изјави дека за градба на една пирамида биле потребни околу 4.000 работници, а не 100.000 како што досега се веруваше.
Извор: kajgana.comИнженерот Питер Џејмс од Њупорт вели дека градбата на огромните пирамиди со било какви рампи од надворешната страна би било невозможно, бидејќи тие

Пронајдете не на следниве мрежи: