Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /01.09.2016 година/ го посети средното училиште „Георги Димитров“ и на средношколците им пожела успеси во совладувањето на знаењата во новата учебна 2016/2017 година.- На почетокот на новата учебна година сакам да им пожелам среќен почеток на средношколските денови на учениците кои се запишани во прва година, а на другите ученици да им порачам вредно да учат и да работат за полесно да ги совладуваат новите знаења и вештини. Во учебната 2016/2017 година во СУГС „Георги Димитров“ во прва година се запишани вкупно 310 ученици во 11 паралелки, од кои во гимназиско образование се запишани 238 ученици во 7 паралелки, а во стручно образование 72 ученика во 4 паралелки. Наставата ја следат вкупно 1.263 ученици во сите четири години. Во сите 23 средни училишта на Град Скопје во учебната 2016/2017 година, пак, во прва година се запишани вкупно 4.518 ученици. Градот Скопје во изминативе 7 години напорно работи и вложува за да се подобрат условите за работа и настава во средните училишта што се под надлежност на Град Скопје. И во текот на овој летен распуст екипи на Градот Скопје изведуваа градежни работи во 16 средни училишта. Во некои училишта се реконструираше фасадата, во некои санитариите и подовите, а во некои училишта се реновираше фискултурната сала. Град Скопје за реализација на овој проект од буџетот издвои 22.326.063 денари – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Во текот на ова лето во СУГС „Георги Димитров“ се реконструираше фасадата на објектот, односно се изврши завршна обработка на фасадните ѕидови со термоизолациона фасада со стиропор со дебелина од 10 сантиметри, врз кој се нанесе малтер на минерална основа и фасаден декоративен малтер. Вкупната површина на фасадата на училиштето е 2.032 квадратни метри.
– Во средното училиште „Георги Димитров“ досега е извршена целосна реконструкција на вратите и прозорците, на покривот и на фасадата, со што стана единственото целосно енергетски ефикасно средно училиште во Скопје и заштедата на енергија е намалена за над 40%. Сакам да истакнам дека за реконструкцијата на училишните згради и за фискултурните сали од 2010 година до 2015 година Градот Скопје потроши околу 227 милиони денари – истакна градоначалникот Коце Трајановски.- На почетокот на новата учебна година сакам да им пожелам среќен почеток на средношколските денови на учениците кои се запишани во прва година, а