> ŠKODA Fabia оствари највисок резултат во својата класа на Euro NCAP тестовите и е еден од 14 мали автомобили кои освоија пет ѕвезди
> Најдобра заштита за возрасните и децата
> Иновативни безбедносни системи, шест воздушни перничиња кои соодветствуваат на стандардите на ЕУ
> Новиот модел на ŠKODA е побезбеден од било кога досегаНовата Škoda Fabia е најбезбедниот мал автомобил според тестот на Euro NCAP за сообраќајни незгоди. Во ноември 2014 година, моделот на Škoda постигна највисок резултат во својот сегмент. Euro NCAP ја оценува безбедноста на автомобилите во повеќе категории: заштита на возрасните и децата, заштита на пешаците и системи за безбедност. „Со иновативните системи за безбедност и сеопфатниот безбедносен пакет, нашиот нов модел постава стандарди во својата класа. Признанието најбезбеден мал автомобил на Euro NCAP тестовите го потврдува тоа”, изјави членот на управниот одбор за технички развој д-р Френк Велш.
На новата Škoda Fabia и беше доделен најдобриот рејтинг од пет ѕвезди на Euro NCAP тестовите и тоа во сите четири категории (заштита на возрасните патници, безбедност на децата, безбедносни системи и заштита на пешаците). Експертите особено ја истакнаа стабилноста на патничкиот простор. Новата Škoda Fabia го освои максималниот број на поени во делот заштита на бебиња до 18 месеци, како и безбедноста на деца до три години.
Новата Škoda Fabia на македонскиот пазар ќе биде достапна од месец март 2015 година. Новата генерација на моделот ги освојува клиентите со својот експресивен дизајн, извонреден стил и одлична технологија со која се зголемува безбедноста и комфорот. Реакциите на медиумите и клиентите за сега се многу позитивни. Првите споредбени тестови беа спроведени од страна на водечките трговски списанија, кои го поставија овој мал автомобил меѓу фаворитите.
Во новата Škoda Fabia се вградуваат иновативни безбедносни системи кои претходно беа достапни само кај возилата од повисоките класи. Најновата генерација на моделот има опција за вградување на системот „Front Assistant“ со интегриран „City Emergency Braking“ – безбедносен систем за сопирање во итни случаи во градски услови кој внимава на пешаците. Системот користи радар кој постојано го мери растојанието до возилото пред вас и интервенира доколку автомобилот е премногу блиску. За прв пат кај новата Škoda Fabia се вградува и системот „multi-collision brakes“ кој го намалува ризикот од повеќекратен судир. Покрај тоа, новата Škoda Fabia сега доаѓа со опција за вградување на детектор на замор. Безбедносните системи вклучуваат и систем за ограничување на брзината, систем за контрола на возилото при угорнини и електронски систем за следење на притисокот во пневматиците.
Совршено хармонизираниот безбедносен пакет кај новата Škoda Fabia обезбедува најдобра можна заштита во случај на несреќа. Во моделот можат да се вградат до шест воздушни перничиња на предниот дел, по страните како и воздушни завеси кои ги штитат патниците и доаѓаат во комбинација со вкупно пет безбедносни појаси кои имаат три точки на затегнување. Кај цврстата каросерија особено се оптимизирани зоните за деформација со што е зголемена пасивна безбедност.
Новата Škoda Fabia ја заокружува гамата на Škoda, така што сега сите возила на Škoda имаат највисок безбедносен рејтинг. Сите седум сериски возила на брендот ги освоија максималните пет ѕвезди на Euro NCAP тестовите почнувајќи од најмалиот автомобил Citigo до знаменосецот на брендот Škoda Superb.
Врвниот рејтинг е резултат на долгогодишното искуство, вложувањата и напорите на компанијата за максимална активна и пасивна безбедност на сите возила. Euro NCAP (Европска програма за проценка на новите автомобили) е независен конзорциум на европските министерствата за транспорт, автомобилски здруженија, осигурителни компании и здруженија за заштита на потрошувачите. Организацијата ги тестира новите возилата во случај на сообраќајни незгоди и ја проценува нивната безбедност.Новата Škoda Fabia е најбезбедниот мал автомобил според тестот на Euro NCAP за сообраќајни незгоди. Во ноември 2014 година, моделот на &Scar