> ŠKODA Fabia оствари највисок резултат во својата класа на Euro NCAP тестовите и е еден од 14-те мали автомобили кои освоија пет ѕвезди
> Најдобра заштита за возрасните и децата
> Иновативни безбедносни системи, шест воздушни перничиња кои соодветствуваат на ЕУ стандардите
> Новиот модел на ŠKODA е побезбеден од било кога досегаНовата Škoda Fabia е најбезбедниот мал автомобил според тестот на Euro NCAP за сообраќајни незгоди. Во ноември 2014 година, моделот на Škoda постигна највисок резултат во својот сегмент. Euro NCAP ја оценува безбедноста на автомобилите во повеќе категории: заштита на возрасните и децата, заштита на пешаците и системите за безбедност. „Со иновативните системи за безбедност и сеопфатниот безбедносен пакет, нашиот нов модел постава стандарди во својата класа. Признанието најбезбеден мал автомобил на Euro NCAP тестовите го потврдува тоа”, изјави членот на управниот одбор за технички развој д-р Френк Велш.
На новата Škoda Fabia и беше доделен најдобриот рејтинг од пет ѕвезди на Euro NCAP тестовите и тоа во сите четири категории (заштита на возрасните патници, безбедност на децата, безбедносни системи и заштита на пешаците). Експертите особено ја истакнаа стабилноста на патничкиот простор. Новата Škoda Fabia го освои максималниот број на поени во делот заштита на бебиња до 18 месеци, како и безбедноста на деца до три години.Новата Škoda Fabia е најбезбедниот мал автомобил според тестот на Euro NCAP за сообраќајни незгоди. Во ноември 2014 година, моделот на &Scar