Фантастичната нова Skoda Fabia во Македонија пристигнува на почетокот на 2015 година.> Новата Škoda Fabia пристигнува со цела линија на нови мотори
> 17% помала потрошувачка на гориво и помалку емисии на штетни гасови
> Четири бензински и три дизел мотори, сите компатибилни со EU6 стандардот
> Новата Škoda Fabia има врвни перформанси со помош на Greenline технологијата: 3,1 л на 100 km; 82g CO2 на km
Новата Škoda Fabia поставува нови стандарди во поглед на потрошувачката на гориво. Премиерата е закажана за следниот месец на автомобилскиот саем во Париз. Новата Fabia е за 17% поекономична во споредба со претходниот модел, а со тоа таа е и најштедливата, еколошка Fabia на сите времиња. Цела линија на нови мотори се вградуваат во новиот модел. Четири бензински и три дизел мотори кои се во согласност со EU6 стандардот.
Новата Škoda Fabia ќе ги има сите погонски системи од најновата генерација на ефикасни мотори од групацијата. Клиентите ќе имаат можност да одберат еден од четирите бензински или еден од трите дизел мотори, сите во согласност со новата регулатива. Стандард е старт – стоп системот како и системот за регенерирање на енергија. Преносот може да биде мануелен или автоматски со помош на DSG автоматскиот менувач со двојна спојка.
Од бензинските мотори достапни се новите три и четири -цилиндрични мотори кои се базираат на новата MQB технологија. 1.0 MPI односно три цилиндричниот мотор има индиректно вбризгување, додека четири цилиндричниот турбо мотор (1,2 TSI) има директно вбризгување. Излезната моќност зависно од моторот започнува од 44 kW (60 КС) и достигнува максимални 81 kW (110 КС).
Новата ŠKODA Octavia Scout: вреден работник со погон на сите тркала
> 25% поголем капацитет за влечење приколка: новата Octavia Scout сега може да влече два тона
> Совршена за тежок терен: најнапреден погон на сите тркала, зголемено растојание од подлогата, совршена способност за искачување на угорнина, пакет опрема наменет за тешки терени
> Голема сила: мотори со поголема моќ и помала потрошувачка на гориво. 20% помала потрошувачка во споредна со претходниот модел
> Одличен изглед: робустен дизајн, совршена фигура за на пат и надвор од пат.
Извидник, семеен авантурист и вреден работник – тоа е ŠKODA Octavia Scout способна да ги совлада сите препреки. Погонот на сите тркала направен е според последниот збор технологијата. Haldex-5 спојката, високите перформанси на моторите, зголеменото растојание од подлогата, зголемениот пристапен агол и грубите off-road елементи нудат неограничени можности, дури и на најтешките терени. Капацитетот на влечење е зголемен за 25% односно два тона. Покрај зголемената моќ, потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови кај новата ŠKODA Octavia Scout намалени се за 20% во споредба со претходниот модел.
ŠKODA му честита на Винченцо Нибали за победата на Тур де Франс
Чешки кристални трофеи за победниците на Тур де Франс
> ŠKODA единаесетти пат по ред е официјален партнер на Тур де Франс
> Најзначајно спонзорство за брендот: 250 возила ŠKODA беа на располагање за време на Тур де Франс
> ŠKODA стигна до 16 милиони фанови на патеката и над 3,5 милијарди ТВ гледачи ширум целиот свет.
Триумф во Париз: 29 годишниот Винченцо Нибали од Италија победи на Тур де Франс. Тој е седмиот победник кој доаѓа од апенинскиот полуостров. По три недели тешка трка и поминати 3660 километри, стотици илјади фанови со многу емоции го проследија пристигнувањето на велосипедистите во центарот на Париз. Голема гордост за Винченцо Нибали беше подигнувањето на Чешкиот кристален трофеј, направен од страна на дизајнерите на ŠKODA. По единаесетти пат ŠKODA беше официјално возило на најпознатата велосипедска трка во светот. > Новата Škoda Fabia пристигнува со цела линија на нови мотори
> 17% помала потрошувачка на гориво и помалку емисии на штетни