Новата влада ја запре изградбата на автопатите Скопје- Штип и Кичево- Охрид

Градежните работи на двете автопатски делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид се сопрени, потврдил премиерот Зоран Заев при средбата со кинеската амбасадорка Лин Лисјен, соопшти Владата, пренесуваат сдсмовските медиуми.Заев засега не сака да открие кои се проблемите поради кои е сопрена изградбата на двата автопата додека новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески не подготви детална информација, но за досегашните сознанија ја информирал кинеската амбасадорка.
Според медиумите блиски до СДСМ, за делницата Миладиновци – Штип не бил потпишан анекс на договор за продолжување на градежните активности, додека на делницата Кичево – Охрид дошло до несовпаѓање на проектираната и веќе изведената траса, поради што градежните активности се сопрени.
Поради запирањето на изградбата на автопатите, илјадници луѓе ќе останат без работа, пат нема да има, а вложените средства ќе бидат без резултат.
Двата автопата се градат со кредит од 500 милиони долари од кинеската Ексим банка. Ги гради кинеската компанија Синехидро, а подизведувачи се македонските „Гранит“ и „Бетон“. Автопатот до Штип требаше да биде пуштен на 1 мај годинава, а Кичево – Охрид би требало да биде завршен до крајот на февруари 2018 година.Заев засега не сака да открие кои се проблемите поради кои е сопрена изградбата на двата автопата додека новиот министер за транспорт и врски Горан

Пронајдете не на следниве мрежи: