ЈП Пазари доби нови деловни простории. Станува збор за деловен простор од околу 80 метри квадратни, со вредност од 2 милиони и 800 илјади денари.-Во тек е изградбата и на нови дуќани на површина од околу 50 метри квадратни, инвестиција вредна 2 милиони и 200 илијади денари, а веќе ЈП „Пазари“ има проект кои ќе се реализира наредната година за нови дуќани на пазарот со површина од околу 200 метри квадратни – истакна директорот на ЈП Пазари, Пецо Димоски.
– Градскиот пазар отсекогаш престаува срце на градот и показател за локалната економија и затоа локалната самоуправа постојано вложува во модернизиција на градскиот пазар и подобрување на условите за работа и на оние кои секојдневно, тука ги нудат своите земјоделски производи, но и на оние кои го посетуваат и купуваат, посебно во пазарните денови, кога доаѓа пазарџии од населените места, но и од другите градови на Македонија – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Градскиот пазарот во Прилеп пред 10 година беше во руинирана состојба, постојано опкружен со смет и ѓубре. Денеска претставува еден од најмодерните пазари на отворено во Р. Македонија, со неговото покривање и партерно уредување.
Паралелно со уредувањето на градскиот пазар, партерно и инфраструктурно се уреди и околу пазарот, со што прилепчани добија попристапен градски пазар.
Се заврши инфраструктурното уредување на пешачката зона на плоштадот „Пере Тошев“,на улица „Републиканска“, која доби бекатон плочки, канделабри, клуп за одмор, инсталирана е водоводна, канализациона и електрична мрежа.
-Вкупната вредност на овој инфраструктурен зафат од 1.400 метри квадратни површина, е два милиони и 800 илјади денари, средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа – истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Воедно, на овој дел од центарот на градот асфалтирана е и реконстуирана улицата која ги поврзува „Републиканска“ и Кеј „1-ви Мај“ кај новиот трговски центар кој е и со катната гаража во близина на пазарот, во должина од 250 метри, чија вкупната вредност е околу 3 милион денари, средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа.-Во тек е изградбата и на нови дуќани на површина од околу 50 метри квадратни, инвестиција вредна 2 милиони и 200 илијади денари, а веќе ЈП „