Нови дестинации и нов авион го забрзуваат растот на flydubai

Авиокомпанијата flydubai, со база во Дубаи, продолжува со експанзијата на нејзината мрежа во Централна и Источна Европа, со додавање на Сараево во Босна и Херцеговина и Загреб во Хрватска.Овие две нови дестинации, кои ќе станат оперативни од декември оваа година, го зголемија бројот на дестинации кои превозникот ги опслужува во Централна и Источна Европа и во Заедницата на Независни Држави на вкупно 26. Авиокомпанијата тогаш ќе опслужува вкупно 75 дестинации во рамките на 5 ипол часовен радиус од Дубаи.
Со цел да го поддржи континуираниот раст на својата мрежа и да додаде поголема фрекфентност на веќе постоечките дестинации, flydubai во јули ќе ја преземе нарачката на три авиони од типот Боинг 737-800, со што ќе ја зголеми својата флота на 39 авиони. Авиопревозникот дополнително ќе добие уште четири нови авиони до крајот на 2014 година.
Коментирајќи на стартот на новите летови, Главниот извршен директор на flydubai, Гаит Ал Гаит изјави: „Остануваме фокусирани на отворање на пазари кои се недоволно опслужувани и засилување на воздушните линии од авијацискиот центар на Дубаи кон регионот. Новите летови кон Босна и Херцеговина и Хрватска претставуваат нови можности за патување, трговија и туризам за патниците од двете земји, како и од ОАЕ.”
flydubai ќе биде првиот авиопревозник кој ќе оперира со директни летови од Дубаи до Сараево и Загреб. Авиокомпанијата е исто така првиот авиопревозник со база во Дубаи кој ќе лета за Алмати и Шимкент во Казахстан, а летовите кон овие дестинации ќе започнат во септември. Дополнително, Бизнис класата ќе биде достапна на сите четири дестинации, овозможувајќи им на патниците дополнителна удобност и комфор додека патуваат.
Џејхун Ефенди, Сениор Заменик комерцијален претседател (OАЕ, ЕУ, МЕ, ЦИС) на flydubai изјави: ”Казахстан е растечка економија со голем број на можности за инвестирање и возбудливи туристички атракции, додека Босна и Херцеговина и Хрватска имаат изобилство од природни убавини и култура за откривање. Ни претставува задоволство да обезбедиме директна авиоврска до овие дестинации.”
Авиопревозникот ја има најсеопфатната мрежа од сите авиокомпании на Средниот Исток до регионите на Централна и Источна Европа и на Заедницата на Независни Држави и има развиено мрежа од: девет дестинации во Русија, три во Украина, две во Казахстан, како и летови кон Ашгабат, Баку, Белград, Бишкек, Букурешт, Чисинау, Душанбе, Сараево, Скопје, Тбилиси, Јереван и Загреб.

Детали за летовите:
Алмати
flydubai ќе оперира четири пати неделно помеѓу Дубаи и Алмати, почнувајќи од 16 септември 2014 година.
Летот FZ701 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 09:10 часот, пристигнувајќи на Алмати Интернационалниот аеродром во 15:20 часот по локално време.
Летот FZ702 ќе полетува од Алмати Интернационалниот аеродром во 16:20 часот по локално време, слетувајќи на Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 19:00 часот по локално време.
Билети во два правци
Повратните билети за Економска класа од Дубаи до Алмати ќе започнуваат од 1750 арапски дирхами, вклучувајќи 20 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 5950 арапски дирхами, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж.
Шимкент
flydubai ќе оперира два пати неделно помеѓу Дубаи и Шимкент, почнувајќи од 19 септември 2014 година.
Летот FZ703 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 09:10 часот, пристигнувајќи на Шимкент Интернационалниот аеродром во 14:50 часот по локално време.
Летот FZ704 ќе полетува од Шимкент Интернационалниот аеродром во 15:50 часот по локално време, слетувајќи на Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 17:45 часот по локално време.
Билети во два правци
Повратните билети за Економска класа од Дубаи до Шимкент ќе започнуваат од 1600 арапски дирхами, вклучувајќи 20 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 6750 арапски дирхами, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж.
Сараево
flydubai ќе оперира два пати неделно помеѓу Дубаи и Сараево, почнувајќи од 8 декември 2014 година.
Летот FZ761 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 09:45 часот, пристигнувајќи на Сараево Интернационалниот аеродром во 13:00 часот по локално време.
Летот FZ762 ќе полетува од Сараево Интернационалниот аеродром во 13:50 часот по локално време, слетувајќи на Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 22:00 часот по локално време.
Билети во два правци
Повратните билети за Економска класа од Дубаи до Сараево ќе започнуваат од 370 евра, вклучувајќи 20 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 1400 евра, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж.
Загреб
flydubai ќе оперира четири пати неделно помеѓу Дубаи и Загреб, почнувајќи од 16 демекври 2014 година.
Летот FZ767 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 09:40 часот, пристигнувајќи на Загреб Интернационалниот аеродром во 13:00 часот по локално време.
Летот FZ768 ќе полетува од Загреб Интернационалниот аеродром во 13:45 часот по локално време, слетувајќи на Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 22:00 часот по локално време.
Билети во два правци
Повратните билети за Економска класа од Дубаи до Загреб ќе започнуваат од 390 евра, вклучувајќи 30 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 1600 евра, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж.
Летовите ќе можат да се резервираат од 16 јули преку веб страницата на flydubai (flydubai.com), преку call центарот (+389 2 3211 133), flydubai продажните салони или преку партнерите на компанијата. Дополнителни информации и детали за услугите на авиопревозникот во однос на изнајмување на возила и патничко осигурување, посетете ја веб страницата: flydubai.comОвие две нови дестинации, кои ќе станат оперативни од декември оваа година, го зголемија бројот на дестинации кои превозникот ги опслужува во Центр

Пронајдете не на следниве мрежи: