Неофицијални вести од Тајван говорат за тоа дека Apple склучил екслузивни договори за изработка на сафирни стакла за новите уреди кои ги подготвува за 2014та година.Apple веќе инвестира 578 милиони долари во фабрика во Аризона која ќе изработува сафирни материјали за своите уреди. Сафирот за прв пат се појави како материјал на леќата на iPhone 5, а оваа година и на Touch ID сензорот на новиот iPhone 5S, како површина која е речиси невозможно да биде изгребана или скршена. ВО иднина се очекува целокупната тач површина, камерни леќи и друго да биде изработено од сафирни материјали кои се засега најиздржлив проѕирен материјал за комерцијална употреба.
Apple е компанија која е позната по големите инвестиции што ги вложува во нови материјали за своите уреди, кои што потоа ги применува целата индустрија. Познато е дека првиот iPhone во 2007ма година на светската сцена го донесе тн. Горила Глас, кој потоа го превзема целата индустрија и денес е најзастапен материјал при изработка на тач скринови (околу 20% од сите мобилни телефони го користат овој материјал).
Повеќе на: GSM.mkApple веќе инвестира 578 милиони долари во фабрика во Аризона која ќе изработува сафирни материјали за своите уреди. Сафирот за прв пат се појави к
Пронајдете не на следниве мрежи: