Нови информации: Сепак сефовите на Аркан не биле празни

Пари, накит и уметнички слики се земени од сефовите на Аркан во периодот помеѓу неговото убиство и крајот на акцијата „Сабја“ пишува српски Блиц.

-Се претпоставува дека во сефовите имало пари, накит и уметнички слики. Со претресот на вилата во акцијата „Сабја“ во март 2013 одземени се само 11 пиштоли.  Драгоцености не се пронајдени затоа што веројатно се чувани во тие сефови.- тврди извор за Блиц
Исти сомневања имал и Воислав Џураковиќ, кој ја покрена приказната за сефовите. Судот побарал потврда од банката која навела дека сефовите не се отварани 15 години. 
Блиските соработници на Аркан но и неговата сопруга биле изненадени, тврдејќи дека не знаеле за нивното постоење. Клучевите наводно исчезнале, а сефовите биле обиени. Во сефовите не е пронајдено ништо.

 
-Сите вредни работи се земени после убиството на Аркан на 15.јануари 2000 година. Дали некои навистина може да верува дека сето тоа е држено во сефовите сите овие години?- се прашува Драган Карлеуша, кој ја водел полициската акција. 
Пејачката, меѓутоа и понатаму останува на своите тврдења дека клучевите се однесени во текот на претресот на вилата.
-На сакам да ги коментирам наводите на Карлеуша. Се тоа брзо ќе се документира- изјавила таа.

-Се претпоставува дека во сефовите имало пари, накит и уметнички слики. Со претресот на вилата во акц

Пронајдете не на следниве мрежи: