Општините Велес, Росоман и Неготино ќе спроведат три значајни инфраструктурни проекти чија вредност изнесува вкупно 24 милиони 167 илјади и 562 денари, информираше денеска на прес-конференција Марко Колев, раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.Средствата се добиени со посредство на Центарот, а преку Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа.
Првиот проект во висина од 12 милиони и 351 илјада 224 денари е на Општина Велес и е за инфраструктурно уредување на Индустриската Зона Каласлари кај село Каласлари.
Вториот е за Општина Росоман и е во висина од 6 милиони 351 илјада 183 денари и е наменет за развивање на современа инфраструктура за поголема безбедност на граѓаните на Општина Росоман.
И третиот во вкупна висина од 5 милиони 684 илјади 380 денари, од кои мал дел од 219 илјади и 225 денари се од касата на Општната Неготино, е неменет за Инфраструктурно уредување на Индустриската зона УЗ 8 во Неготино.
– Овој проект е многу значаен за Општина Велес за Индустриската Зона која е наш приоритет, а ќе биде наменет за асфалтирање на главната улица во ИЗ Каласлари и до сите плацови купени во оваа индустриска зона. Потоа ќе се постават и канделабри за нејзино целосно осветлување, информира градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Ванчо Апостолов, градоначалник на Неготино потенцира дека со овој проект целосно инфраструктурно ќе биде уредена Индустриската зона УЗ 8 во Општина Неготино.
– Ќе ги асфалтираме сите три улици, а ќе обезбедиме и атмосферска и фекална канализација и осветлување, што планираме да го завршиме за четири месеци, најави градоначалникот Апостолов.
И градоначалникот на Општина Росоман Стојанче Лазов, рече дека овие средства се многу значајни за општината
– Средствата ќе бидат наменети за доизградба на тротоарот покрај магистралниот пат Градско-Прилеп. Половината од тротоарот е веќе изграден во 2014 година, а сега останува уште половина тротоар да се доизгради, а се со цел за поголема безбедност на учениците од Росоман кои одат на училиште и на сите граѓани, рече Лазов.Средствата се добиени со посредство на Центарот, а преку Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа.
Првиот проект