Нови модели на Apple

Apple ја освежи целата понуда на iMac компјутери, а новите модели ќе добијат најсовремени Intel процесори со четири јадра, нова графика, нова генерација на WiFi, како и побрза PCIe флеш меморија…
  
 
 

Помалиот 21.5-инчен iMac отсега ќе стартува со 2,7GHz i5 Intel процесор сои четири јадра, а ќе добие и нова Iris Pro графика. Моделот ќе биде достапен и со посилен процесор кој ќе има работен такт од 3.4GHz како и Nvidia GeForce 700 графички акселератор.
Моделот од 27-инчи ќе доаѓа со процесор од 3.2GHz и четири јадра, како и Nvidia GeForce 700, а ќе биде достапен и во посилна верзија со подобар процесор.
Корисниците ќе можат да добијат и модел со процесор кој има работен такт од 3.5GHz, Nvidia GeForce GTX 780M графика, како и до 4GB видео меморија, пишува Mashable.
Сите iMac компјутери ќе имаат 802.11ac Wi-Fi стандард, а ќе доаѓаат со 8GB RAM и 1TB капацитет за складирање податоци. Тие можат да бидат зголемени до 32GB RAM и до 3TB капацитет.
Најевтиниот 21,5 инчен iMac чини 1.299, додека 27-инчниот модел со 3.4 GHz CPU ќе чини 1.999 долари.
Извор: https://gsm.mk
 
 
  
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: