По завршувањето на реконструкцијата на градскката водоводна мрежа на која што се поврзани потрошувачите од градот Демир Хисар и населените места Суводол, Кутретино и Слепче, од вчера попладне започна голема операција за заменување на старата опрема.
Првпат по двеипол децении се врши заменување на пумпните поостројки во двата црпни бунари кај Граиште и во прецрпниот базен кај Мургашево.
Се работи за капитална инвестиција во вредност од 8.577.018 денари или околу 140 илјади евра – средства обезбедени преку Проектот за водоснабдување и одведување на отпадни води на Министерството за транспорт и врски,од Европска инвестициона банка и Владата на РМ. Со дел од сопствени средства за изработка на техничката документација учествуваше и Општина Демир Хисар, односно ЈКП „Комуналец“.
Преку изведувачот „Турбоинженеринг“ од Скопје, набавени и дистрибуирани се 2 нови пумпи што ќе бидат инсталирани во „Бунар 1“ и„ Бунар 3“ кај Граиште со капацитет од 1300 до 2200 литри во минута, и две нови пумпи во прецрпниот базен кај Мургашево со капацитет од 1200 до 1800 литри во минута. Паралелно со инсталирањето на оваа опрема, се поставува и електромагнетен мерач на проток, како и потполно нова командна табла и нов софтвер за автоматско работење на системот.
– Целиот зафат претставува голем благодет за потрошувачите што се приклучени на градскиот водоснабдителен систем бидејќи значително ќе се подобри редовноста и квалитетот на водоснабдувањето, ќе се направи голема заштеда на трошоците за одржување, а најмногу на трошоците за електрична енергија бидејќи новите постројки се со далеку пософистицирани технички перформанси – велат во Одделението за локален економски развој на Општина Демир Хисар.
– Тука не застануваме. Веднаш по инсталирањето на новата опрема, со сопствени средства и стручен тим, ќе ги репарираме постојните постројки кои што ќе бидат во постојана работна готовност. На задоволство на граѓаните, може да се рече дека честите прекини во водоснабдувањето како резултат на дефектите на старите пумпи, од наредниве денови, засекогаш одат во заборав – вели директорот на „Комуналец“, Пеце Наловски кој заедно со комуналските оперативци е речиси деноноќно вклучен во целата „операција“.
Првпат по двеипол децении се врши заменување на пумпните поостројки во двата црпни бунари кај Граиште и во прецрпнио