Деновиве се очекува да почне изградба на комунална инфраструктура и нови улици во урбаната заедница Стар Аеродром.Станува збор за изградба на инфраструктурни објекти (водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација) на дел од улилиците „Пандил Шишков“ и „Вангел Тодоровски“.
Исто така, проектот опфаќа изградба и на комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Новопроектирана 2“ со пристапни улици, како и изградба на пристапните улици 2 и 4 на улицата „Методија Шаторов Шарло“ (поранешна Руди Чајавец) со изведба на електрична мрежа за јавно осветлување.
Проектот се очекува да чини околу 22 милиони денари.
Станува збор за изградба на инфраструктурни објекти (водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација) на дел од улилиците „Панд