Електронски барања за рефундација за болничко лекување, за лекови на рецепт и за рефундација на вграден и потрошен материјал се трите нови електронски услуги кои ги воведува Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) за остварување на правата на осигурениците кои ги имаат врз основа на закон.Директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски денеска на прес-конференција рече дека продолжуваат да промовираат нови електронски услуги во рамки на месец февруари, кој е прогласен за месец на електронски услуги.
– Првата електронска услуга се однесува на рефундација на средства за извршено болничко лекување кога осигуреникот немал здравствено осигурување од различни причини. Во овие случаи кога на осигуреникот од различни причини не му е е платен здравствениот придонес повеќе од 60 дена, здравствената услуга треба да ја плаќа во целост, а потоа откога ќе се подмири здравствениот придонес осигуреникот поднесува барање за рефундација. Правото на рефундација не застарува 5 години, рече Стефаноски.
Потенцира дека ова право е гарантирано согласно законот за здравствено осигурување и од сега на многу поедноставен начин ќе може да се оствари преку новата електронска услуга, а дополнителната документација која што осигуреникот досега требаше да ја носи лично и да ја приложува во хартија во подрачните служби, сега ќе може со едноставно скенирање и прикачување во електронскиот систем да ја прикачи на места каде што има интернет и читач. Со ова, нагласи, очекуваме значително да се забрза решавањето на предметот а придобивка е што осигуреникот ќе може да го следи статусот на неговото барање, а се заменува и скратува хартиеното работење и потребата да се доаѓа на шалтер.
– Втората нова електронска услуга всушност претставуваат две услуги кои ги нуди фондот споени во една, т.е право на надоместок на средства за набавени лекови на рецепт, независно дали лекот е на болничка или примарна позитивна листа. Ова право е законски гарантирано за осигуреникот и исто така произлегува од законот за здравствено осигурување. Доколку на осигуреникот за време болничкото лекување му е побарано да купи лек кој се наоѓа на позитивната листа, по завршување на лекувањето има право да поднесе барање за рефундација на средства од страна на ФЗОМ, рече Стефаноски.
Воедно, појасни, во овој сегмент се вклучени и лекови од болничка листа кои се примаат по препорака на специјалист (некогаш и во домашни услови), а здравствената установа нема обврска да ги набавува (како на пример клексан). Истакна дека осигуреникот барањето за рефундација ќе може да го поднесува електронски и на тој начин, а дополнителната документација која што осигуреникот досега требаше да ја носи лично и да ја приложува во хартија во подрачните служби, сега ќе може со едноставно скенирање и прикачување во електронскиот систем да ја прикачи на места каде што има интернет и читач. Рефундација се остварува само доколку лековите се купени од аптека со која фондот има склучено договор.
Појаснувајќи ја третата електронска услуга која е право на надоместок на средства за набавен стандарден медицински потрошен материјал и вградени материјали во болничка здравствена заштита, Стефаноски рече дека доколку осигуреникот за време на болничкото лекување му е кажано да набави медицински потрошен материјал или пак вградил медицински материјал, истиот има право да го рефундира од страна на ФЗОМ.
– Отсега барањата за рефундација за медицинските материјали осигурениците ќе можат да ги поднесуваат електронски без притоа да доаѓаат во подрачните служби. Покрај барањето и трансакциската сметка, осигуреникот ќе може да ги прикачи и отпусното писмо/ специјалистичкиот извештај и доказот за плаќање на вградениот стандарден материјал, додаде Стефаноски.
Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани рече дека за сите електронски услуги, осигуреникот преку порталот може да поднесе барање за надоместок на средства за себе или за член на семејство осигурен преку него.
Посочи дека минатата година отворени се 13.885 предмети за рефундација на средства за лекови во вкупен износ од 12,7 милиони денари, како и 1.046 предмети за рефундација на вграден потрошен материјал и здравствени услуги во вкупен износ од 1,1 милион денари. Досега, истакна, барањата за остварување на право за рефундација по овие основи се доставуваа на шалтер во подрачните служби од страна на осигурениците.
– Со новите електронски услуги се постигнува: поедноставување на постапката за поднесување барање за ослободување и рефундација на повеќе наплатена партиципација, информација за статусот на барањето за рефундација во било кое време, информација за рефундација на средства. Очекувани бенефиции од користење на порталот за овие електронски услуги се: едноставен начин на доставување документи преку сопствениот компјутер, намалување на метежот на шалтерите на ФЗОМ, информираност на осигурениците, точна и достапна информација за рефундација на средства, намалување на хартиената документација и користење на ЕЗК, рече Рамадани.
Доколку на некој осигуреник му е побарано да купи лекови или потрошен материјал од здравствена установа која требала да ги има обезбедено на товар на државата, нагласи тој, тогаш осигуреникот може да дојде во Фондот и да му ги рефундираме средствата. Додаде дека Фондот останува да биде посветен на обезбедување што поквалитетни здравствени услуги за осигурениците.Директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски денеска на прес-конференција рече дека продолжуваат да промовираат нови електронски услуги во рамки на месец фев