Новиот Crafter- Интернационален VAN на годината за 2017

Нова димензија на економичност, функционалност и издржливост како никогаш до сегаВо Македонија официјално пристигна новиот Volkswagen Crafter. Со максимален товар од 5,5 тона, максимален волумен од 18,4 м3 и одличен избор на погонски типови и деривати според индивидуалните потреби на потрошувачите. Новиот Crafter нуди голем број на функционални решенија за секојдневна употреба кои ги задоволуваат очекувањата на купувачите во полето на индивидуалниот транспорт во сите области.
Верзијата со погон на предните тркала и долго меѓуоскино растојание со препуст нуди максимален товарен волумен од 18,4 м3 и максимална тежина на товар од 1,414 килограми. Ширината во задниот дел изнесува 1,832 мм или 1380 мм помеѓу тркалата. Вкупната должината на возилото изнесува 7,391мм и 4,855 мм товарен простор, што претставува најдобра просторна димензија помеѓу возилата од оваа класа. Товарањето на новиот Crafter е мошне едноставно благодарение на страничната лизгачка врата широка 1,311мм  и висока 1,822 мм и двете задни врати кои се отвораат до агол од 270 степени кои се 1.552мм широки и 1,840 мм високи. Новиот Crafter нуди генијално решеније за прицврстување на товарот и безбеден превоз. Товарот буквално може да се прицврсти од сите страни благодаение на шините за прицврстување кои се во форма на патентиран Airline профил и се интегрирани на страничните и преградните ѕидови, на кровот и на подот од возилото.  
Новата шасија, која е модифицирана до последниот детаљ, ја содржи удобната MacPherson предна суспензија и дури 5 варијации на задната оска. Електромеханичкиот серво управувач се воведува за прв пат во овој сегмент и овозможува одлично управување на возилото, оптимизирано маневрирање и безбедни возни карактеристики при сите услови на натовареност. Оваа подобрена прецизност и префинето чувство во управувањето придонесуваат за намалување на емисиите на CO2 поради адаптивната потрошувачка на енергија.
Стандардно новиот Crafter доаѓа со електрични прозорци, централно заклучување преку далечински управувач, како и посебно дизајнирани прегради за мобилен телефон, лап-топ, таблет, метро, ракавици и други потребни работи при транспортот на стоки.
Системите за помош достапни кај новиот Crafter и овозможуваат дополнителна удобност во извршувањето на работните задачи. Новиот Crafter располага со комплетно нова шасија со електромеханички серво управувач, мотори со голема ефикасност кои се оптимизирани за долги патувања, но и за градски превоз со Start-stop систем и регенеративно сопирање.
Целиот концепт на возилото е развиено од почеток. Базиран на специфичните потреби на потрошувачите, новиот Crafter нуди уникатна можност, без компромиси во квалитетот и со долгогодишното искуство во производството на лесни комерцијални возила да се создавање на најдоброто возило во сегментот. Новиот Crafter претставува фузија од фокусот кон производот и потребите на потрошувачите.
Сето ова е воочливо уште при првиот поглед. Новиот Crafter одлично го користи искуството во дизајнот и квалитетот од неговиот помал брат, шестата генерација на Transporter. Динамичен, современ и агилен однадвор, а во исто време нудејќи огромна вредност од внатре преку најголемиот достапен волуменски капацитет кај долго меѓуоскино растојание со препуст до дури 18,4 м3 и максимална должина на товарен простор од 4,855 мм.
Екстремно голем избор на варијанти се понудени од новиот Crafter, вклучувајќи и верзии со голема носивост. Новиот Crafter е достапен со различни должини (5986мм, 6836 мм и 7391 мм) и висини (2355 мм, 2590 мм и 2798 мм). Како надополнување на тоа, доаѓаат и моделите Crafter шасија, со единечна и дупла кабина, кои поради намалената сопствена тежина, се подготвени да пренесат поголем товар.Гледајќи од практичната страна, новиот Crafter импресионира со извонредната функционалност, префинета подготовка за различна употреба и оптимизирана безбедност. Благодарение на електромеханичкото серво управување кое се употребува за прв пат во неговата класа, новиот Crafter нуди широк спектар на системи за помош на возачот, како што е системот за движење во коловозна лента (Lane Assist), системот за помош при паркирање на возилото (Park Assist) и системот за помош при маневрирање со приколка (Trailer Assist). Како стандардна опрема, новиот Crafter нуди ESP, ABS, ASR, помош при тргнување по нагорнина, електронска заштита – импобилизатор, Start-Stop систем,  регенеративно сопирање, воздушни перничиња, серво управувач, електрика на предните прозори и централно заклучување. Новиот Crafter може опционално да биде опремен со универзален товарен под, на кој има отвори за шини, каде што може да се додадат веќе постоечки шински системи од претходни возила или модели.
Дизелскиот 2.0 TDI мотор, достапен е со погон на предните, задните тркала или со погон на сите 4 тркала (4MOTION). Сите мотори се со EURO 6  стандардот и моќност од 75kW (102 КС), 103 kW (140 КС) и BiTurbo TDI агрегатот со 130kW (177 КС). Start-Stop технологијата стандардно се вградува кај сите возила и овозможува дополнителна заштеда и максимално економично возење во градски средини. Севкупно, моторите се во просек за 15% поекономични. Новиот Crafter, дополнително има ниски трошоци за сервисирање и одржување што резултира со севкупни ниски оперативни трошоци.Во Македонија официјално пристигна новиот Volkswagen Crafter. Со максимален товар од 5,5 тона, максимален волумен од 18,4 м3 и одличен из

Пронајдете не на следниве мрежи: