Новиот европски шампион е Реал Мадрид

„Кралскиот клуб“ ја освои 11. титула шампион на стариот континент, откако вечерва во финалето на ЛШ беше подобар од градскиот ривал Атлетико по изведувањето на пенали. Регуларниот дел од мечот заврши 1-1, а промена на резултатот немаше по одиграните продолженија. Улогата на трагичар му припадна на дефанзивецот на Атлетико, Хуанфран кој ја погоди стативата во четвртата серија од пеналите, а сите почести ги собра Роналдо кој го постигна последниот одлучувачки пенал.Финалето започна тензично и со доста нервози, уште во првата минута имаше искри меѓу Габи и Пепе, а првото посериозно возбудување беше после пет минути игра, кога голманот на Атлетико, Јан Облак одлично реагираше на шутот од близина на Каземира и спречи рано водство на Реал.
Но, сепак 10 минути подоцна „кралевите“ поведоа со голот на Рамос, кој сепак остави големи сомнежи дали беше постигнат од офсајд. Тони Крос изведе слободен удар од левата страна, Бејл ја закачи топката со глава и ја префрли пред самиот гол каде Серхио Рамос, кој се наоѓаше во офсајд, ја спроведе во мрежата. Судијата покажа накај белата точка од средината на теренот, Реал Мадрид водат со 1-0.
Со овој гол капитенот Рамос стана првиот дефанзивен играч во историјата на ЛШ кој постигнал гол во две финалиња.
До полувреме немаше промена на резултатот. Во вториот дел Симеоне го појача нападот со Караска, кој влезе на местото на Аугусто Фернандес, а уште во 46. минута Атлетико пропушти шанса да израмни од белата точка.
Пепе го собори Торес во шестнаесетникот, Гризман го изведе пеналот, но ја погоди само пречката.
Следуваше период во кој „јорганџиите“ беа подобар противник, Годин и Савиќ по неколку прекини имаа шанса да израмнат, се закани и Саул Нигез, но мрежата на Навас мируваше.
Во интервалот од 70. до 80. минута од мечот Реал пропушти неколку шанси да стави точка на натпреварот, а најголем виновник за тоа беше извонредниот Јан Облак.
Словенецот најпрво излезе победник со Бензема, кој излезе сам пред него од десната страна, а потоа одлично го спречи шутот на Роналдо. Одлична реакција имаше и Стефан Савиќ кој по еден шут на Бејл успеа да стигне да ја исфрли топката од самата гол линија.
Меѓутоа, само минута подоцна, според непишаното правило во фудбалот, следуваше казна.
Атлетико направи одлична акција, Габи одигра по десната страна, Хуанфран ја префрли од прва по средината, а златната резерва на Симеоне, Јаник Фереира-Караско од непосредна близина постигнува гол за 1-1.
До крајот на регуларниот дел од мечот Реал ја превзема контролата и иницијативата, тежиштето на играта се префрли на половината на Атлетико, но резултатот не се менуваше, па како и пред две години, финалето меѓу граддските ривали отиде во продолженија.
Во дополнителните две по 15-минутни продолженија видовме неколку шанси на двете страни, но сепак се чинеше дека уморот веќе ги стигнува играчите и се повеќе се движеше натпреварот на разрешница преку пенали.
После 120 минути игра резултатот беше 1-1, новиот шампион ќе го добиеме преку пенали.
Прва серија: Васкез 1-0 – Гризман 1-1
Втора серија: Марсело 2-1 – Габи 2-2
Трета серија: Бејл 3-2 – Нигез 3-3
Четврта серија: Рамос 4-3 – Хуанфран (статива) 4-3
Петта серија: Роналдо 5-3
Реал Мадрид ја освои 11. титула во ЛШ во клупската историја, а Зинедин Зидан стана првиот во историјата на фудбалот кој успеал да ја освои Лигата на Шампиони и како играч и како тренер со ист клуб.

 

Откриено е што му кажа Роналдо на Зидан пред изведувањето на пеналите
Можеби не бев многу забележителен, но имав визија дека ќе го постигнам голот за победа. Пред изведувањето на пеналите му реков на Зидан да ме остави да шутирам петти бидејќи знаев дека ќе биде гол за победа. Многу ми е мило за Зизу, направи феноменална работа и навистина сум среќен што го освои трофејот во Лигата на шампионите како тренер, ова го изјавил Роналдо, откривајки им на новинарите што му кажал на Зидан пред да започне изведувањето на ударите од 11 метри.
Реал Мадрид по 11-ти пат во клупската историја стигна до толку ценетата титула во Лигата на шампионите, а негова жртва изминатава ноќ во Милано беше големиот градски ривал Атлетико кој сигурно уште долго ќе го памети новиот пораз во најелитното натпреварување
Честа да го изведе последниот пенал кој го донесе огромниот триумф ја имаше Роналдо.Финалето започна тензично и со доста нервози, уште во првата минута имаше искри меѓу Габи и Пепе, а првото посериозно возбудување беше после пет ми

Пронајдете не на следниве мрежи: