НОВО ГРУПНО СИЛУВАЊЕ ВО ИНДИЈА: Јапонка три недели била заробена во подрум!

Индиската полиција уапси двајца браќа под сомнение дека заробиле и три недели постојано силувале јапонска туристка, недалеку од едно познато будистичко светилиште.22-годишната Јапонка била држена под закана со оружје во еден подрум во Бод Гај, место кое го посетуваат многу туристи, а будистите го сметаат за најважното место кое е поврзано со животот на Буда.
„Веднаш откако нејзината здравствена состојба стана сериозна по непрестаните силувања и лошите услови во кои ја држеле, Јапонката на 20 декември ја донеле во градот за да ја прегледа лекар“, изјави полцискиот инспектор кој е задолжен за овој случај.
Но, девојката успеала да им избега и наишла на сонародници кои биле во посета на будистичкото светилиште, а тие веднаш го контактирале јапонскиот конзулат во Калкута.
Туристичкиот водич Сајид Кан (32) и неговиот брат Џавед (25), беа уапсени овој петок, објави заменикот на шефот на локалната полиција Алок Кумар Синг.
„Ја уапсивме двојката која беше одговорна за киднапирање и силување на јапонска студентка“, изјавил Синг за новинарите.
Имено, полицијата трага по уште тројца сторители, за кои се смета дека учествувале во групното силување на несреќната јапонска студентка.
Девојката подолго време патувала низ руралните краеви на Индија за да го проучи животот во тој дел од светот, а била грабната по доаѓањето во Гај.
Сите овие случаи на силување довеле до пад на бројот на туристи во Индија, но и до сѐ поостри казни за силување, пишува The Guardian.22-годишната Јапонка била држена под закана со оружје во еден подрум во Бод Гај, место кое го посетуваат многу туристи, а будистите го сметаат за н

Пронајдете не на следниве мрежи: