Ново невреме се подготвува и за денеска

Локално процесите беа поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и според радарските слики и можна појава на градПопладневни и вечерни часови со грмотевици, ветер и поројни дождови ќе имаме и денеска на поголемиот дел од државата. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м2 дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно од пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.
Најмногу дожд во текот на вчерашниот ден и синоќа наврна во Берово 25 л/м2, во Крива Паланка 18, во Тополчани 17, во Дојран и Ѓуриште 12, Скопје – Зајчев Рид 11, Струмица 10, Гевгелија девет и во Куманово 7 л/м2.
Преку ноќта беше нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, особено во северните и североисточните делови. Локално процесите беа поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и според радарските слики и можна појава на град. Во раните утрински часови атмосферата се стабилизира, така што утрово насекаде е сончево со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Утре ќе преовладува сончево со умерена облачност, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. И во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, која ќе биде повеќе локализирана.Попладневни и вечерни часови со грмотевици, ветер и поројни дождови ќе имаме и денеска на поголемиот дел од државата. Се очекува на места да наврна

Пронајдете не на следниве мрежи: