НОВО ПУКАЊЕ во Париз: Ранет е полицаец. Напаѓачот избегал во подземната железница!

Еден полицаец е тешко ранет во огнена пресметка која се случи во предградието Монруж, во Париз. Сѐ уште не е познато дали тој случај се поврзан со нападот на редакцијата „Шарли Хебдо“.Според јавувањата на светските медиуми, во предградие на Париз се слушнало пукање од огнено оружје, пришто бил повреден еден од двајцата полицајци кои се нашле на местото, а напаѓачот или повеќето напаѓачи избегале во метрото.
Телевизијата iTELE, јави дека двајца полицајци останале да лежат на земја по пукањето. На местото на настанот се наоѓаат пожарникари и возило на брза помош, а едно повредено лице веднаш беше пренесено во болница.
На местото на пукањето се упати министерот за внатрешни работи, Бернард Казену.
Засега е нејасно дали овој напад е поврзан со вчерашниот крвав поход на редакцијата на весникот „Шарли Хебдо“, во кој загинаа 12 лица.
Монруж е населба во јужното предградие на Париз и се наоѓа на 4,4 километри оддалаченост од центарот на француската метропола.Според јавувањата на светските медиуми, во предградие на Париз се слушнало пукање од огнено оружје, пришто бил повреден еден од двајцата полицајци

Пронајдете не на следниве мрежи: