Ново тридневно примирје во Газа

Палестинските преговарачи во Каиро изјавија дека го прифаќаат египетскиот предлог за нов тридневен прекин на огнот со Израел, со што ќе се отвори патот за обнова на индиректните преговори за долготрајно примирје во Појасот Газа.Палестинските преговарачи, кои ги претставуваат различни палестински фракции, изјавата ја дале под услов да останат анонимни, бидејќи нивната изјава се однесува на чувствителните преговори, пренесоа американските медиуми.
Израелската делегација во петокот ги напушти преговорите, пред истекот на претходниот тридневен прекин на огнот, истакнувајќи дека нема да преговора додека трае ракетирањето на Израел од Газа.
Израелската страна ги обвини палестинските екстремисти дека истрелале гранати врз Израел пред истекот на примирјето, во петокот во 8 часот утрината. После тоа беше продолжено прекуграничното ракетирање и израелските одмазднички напади од воздух, иако со намалена жестина, пренесе МИА.
Во судирот што почна на 8 јули досега загинаа повеќе од 1.900 Палестинци и 67 лица на израелска страна.Палестинските преговарачи, кои ги претставуваат различни палестински фракции, изјавата ја дале под услов да останат анонимни, бидејќи нивната изјав

Пронајдете не на следниве мрежи: