Новогодишната желба на Пешевски од Св. Николе е многудетно семејство

Малиот Давид од Свети Николе ги освои социјалните мрежи со својата скромна, но најубава новогодишна желба.Тој си посака здравје и среќа за своето семејство, но и сестричка.
МРТ го посети домот на ова прекрасно детенце.
Родителите на Давид се уверени дека домот е побогат со повеќе дечиња.
Пораката што ја напишал во тетратка, побарал мајка му да ја напише на Фејсбук за да може Дедо Мраз да ја види. Катерина е среќна што Давид со толкава љубов го чека новиот член од семејството, бидејќи таа и сопругот планираат уште деца.
-Второ, трето како каже Господ така нека биде, вели Катерина Пешевска.
Катерина, вели дека таа и сопругот Новица не се од оние млади луѓе кои сакаат се да им е средено,  па дури тогаш се решаваат за брак и семејство. Тие сега живеат под кирија, но планираат да имаат и сопствен дом.
-Јас сум вработена во конфекција, сопругот работи во АРМ,  за солидна живечка имаме.  Ако на животот се гледа песимистички не требаше ниту да се земеме,  ниту да го имаме  Давид, еден ден се ќе биде како што треба, вели Пешевска. 
Топлината во семејството Пешевски ги храбри да посакуваат желби и да веруваат дека ќе им се исполнат. Добрата мисла и оптимизмот како да им недостигаат на половина од семејствата во земјава. Според податоците 50 проценти од брачните двојки имаат по едно дете, објави МРТ.Тој си посака здравје и среќа за своето семејство, но и сестричка.
МРТ го посети домот на ова прекрасно детенце.
Родителите на Дави

Пронајдете не на следниве мрежи: