По повод новогодишните и божиќните празници, претставници од Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје го посетија Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на лица кои употребуваат дроги и на нивните деца, кои го посетуваат центарот, им подарија 20 новогодишни пакетчиња.За време на посетата децата во едукативна работилница изработија честитки со искрени желби за Новата година.
Центарот е отворен во септември 2012 година и работи секој ден од понеделник до петок, од 11 до 16 часот. Во Центарот најголема помош добиваат лицата кои употребуваат дроги, преку психосоцијална поддршка од психолог и психијатар, образовни и советодавни активности и активности за креативно изразување, со цел поддршка во процесот на рехабилитација. Исто така, во дневниот центар се работи со семејствата на лицата кои употребуваат дроги и со нивните деца. За децата е обезбедена педагошка и психосоцијална поддршка, со цел поддршка во нивниот развој и поттикнување на креативниот потенцијал.
Во Програмата на Центарот за рехабилитација и ресоцијализација на лица кои употребуваат дроги и нивните семејства се опфатени 120 лица, а Дневниот центар го води Здружението ХОПС – Опции за здрав живот.,
За поддршка и реализирање на програмата во Центарот за рехабилитација и ресоцијализација од Буџетот на Град Скопје за 2015 година, беа издвоени 800 000,00 денари.За време на посетата децата во едукативна работилница изработија честитки со искрени желби за Новата година.
Центарот е отворен во сеп