Новороденчињата повторно добија ваучери од општина Кисела Вода

Првиот месец од оваа година општина Кисела Вода го затвора со доделување на 30 ваучери за семејствата кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парична помош.Од денес доделените 30 ваучери, 15 беа за женски и 15 за машки деца. Заклучно со денес, оваа локална самоуправа има доделено вкупно 1312 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина.

 
Се работи за парична помош во вредност од 6000 денари за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. За неа, документација можат да поднесат сите родители кои ги исполнуваат потребните критериуми: да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка.
Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Од денес доделените 30 ваучери, 15 беа за женски и 15 за машки деца. Заклучно со денес, оваа локална самоуправа има доделено вкупно 1312 ваучери, ш

Пронајдете не на следниве мрежи: