На овогодинешното 20-то јубилејно доделување на наградата „Автомобил на Годината во Македонија“ со титулата се закити најновата изведба на Ford Mondeo. Во конкуренција од уште 5 автомобили Ford Mondeo ги доби гласовите пред Volkswagen Passat, Mercedes C- класа, Nissan Qashqai, Toyota Aygo и Renault Twingo.„Не толку често, пристигнува производ, технологија или модерен уред кој ќе промени сè.“
Оваа година тоа е Новото Ford Mondeo, кое откако беше промовирано на автомобилскиот саем во Париз означи ново поглавје за еден од најпопуларните модели со 20-годишно пристуство во Европа. По освојувањето на срцата во Европа, во Декември минатата година беше за првпат промовирано во Македонија во салонот на Ми-Да Гранд Моторс во Скопје. Од елегантен, впечатлив и софистициран надворешен дизајн до кабина која ги спојува технологијата и просторната удобност, технолошките иновации кои се ремек дело, перформансите и изработката беа пресудни да овој Автомобил биде најзначајниот за оваа година во Македонија.
Иако беше во тесна трка со Volkswagen Passat новото Ford Mondeo успеа да ги освои гласовите на националното жири кое е составено од докажани експерти во автомобилската индустрија. Овој модел означува ново поглавје на македонскиот пазар и поставува нови стандарди на технологија, перформанси и безбедност. Меѓу главните адути се Адаптивните LED светла кои помагаат за подобра видливост и ги следат свиоците, Активната Асистенција при Паркирање со која автомобилот може буквално сам да влегува и излегува во паркинг просторот потоа Ford SYNC со MyFordTouch системот кој дава незаменлива контрола на клучните команди преку допир и глас. Во делот на безбедноста Mondeo ги користи бенефитите од сигурносните појаси и воздушните перничиња со тоа што Задните сигурносни појаци се со вградени воздушни перници.
Системот за Итно сопирање или Детекција на пешаци кој доколку детектира пешак или друг вид на предмет пред возилото автоматски ја намалува брзината и доколку возачот не реагира автоматски сопира, ова се однесува на брзини до 50км/ч. За врвна управливост наскоро ќе биде достапен и кај нас Интелегентниот погон на сите тркала.
For Mondeo ни доаѓа со две нивоа на опременост Trend и Titanium. Од моторните агрегати на располагање се 1.5- и 2.0-литарски со 160 КС бензински мотор прочуената генерација EcoBoost. Додека од дизел агрегатите ги имаме 1.6TDCi литарски со 115 КС како и 2.0TDCi со 150 и 180 КС.
Моделите се достапни со 6-степен мануелен и автоматски менувач со двојна спојка. Најдобриот автомобил во Македонија веќе е достапен за тест возење во салонот на Ми-Да Гранд Моторс каде што можете подетално да се запознаете со моделите кои се нудат.
Фотографија: Дејан Маликовски / malikovski.com„Не толку често, пристигнува производ, технологија или модерен уред кој ќе промени сè.“
Оваа година тоа е Новото Ford Mo