Возбудлив перформанс, откривање на новиот модел на „Мондео“ и многу гости од јавниот живот беа дел од вечерта со која што „Ми-Да Гранд Моторс“ го означи 20-годишното присуство на „Форд“ во Македонија. Во својот салон во Скопје компанијата потсети на развојот од скромните почетоци во 90-тите години до актуелната позиција во врвот на автомобилскиот бизнис во земјава.- Знаејќи ја брзината со која се менува индустријата со автомобили, развојот од мал, семеен, сервис за миење возила до претпријатие што припаѓа на значајна регионална групација, е подвиг што, веруваме, заслужува почит. Од стартот до денес „Ми-Да Гранд Моторс“ продаде над 10.000 нови патнички и товарни возила „Форд“, создаде мрежа од 430 флотни клиенти, меѓу кои се 15 општини, пет министерства, 15 амбасади и десет јавни претпријатија – истакнува Марјан Миновски, основач на Ми-Да и сегашен косопственик на „Ми-Да Гранд Моторс“.
Голем скок напред ова претпријатије оствари во 2012 година кога се засили со капиталот и со искуството на „Гранд аутомотив груп“ што функционира во рамки на израелскиот холдинг „Тавура“. Со нивна помош „Ми-Да“ стана дел од една широка мрежа во регионот чија цел е подигнување на нивото на услуги, унапредување на бизнисот и поефикасното задоволување на потребите на купувачите
Потврда дека компанијата веќе посветено работи на следните чекори од својот развој дојде со презентацијата на новото „Мондео“. Токму на оваа прослава на 20-годишнината на „Форд“ во Македонија моделот за првпат беше претставен во земјава, а воедно беше и меѓу првите промоции во Европа.
– Новото „Мондео“ има широка палета паметни технологии. Произведено е во целосно нова фабрика, а за неговата изработка се применети сосема нови процеси на производство. Дизајнот е фантастичен и зголемено е нивото на крајна доработка, односно употреба на материјали и финеси. Секако дека ова не е сè, новото „ФОРД Мондео“ нуди уште многу повеќе и затоа сме убедени дека ќе ја освои јавноста и – ќе го осветли патот – вели Дритон Заири, генерален директор на „Ми-Да Гранд Моторс“.- Знаејќи ја брзината со која се менува индустријата со автомобили, развојот од мал, семеен, сервис за миење возила до претпријатие