четврток, 12 ноември 2026
Најново

Новото „Мондео“ го оветли одбележувањето на 20 годишнината на Форд во Македонија!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Возбудлив перформанс, откривање на новиот модел на „Мондео“ и многу гости од јавниот живот беа дел од вечерта со која што „Ми-Да Гранд Моторс“ го означи 20-годишното присуство на „Форд“ во Македонија. Во својот салон во Скопје компанијата потсети на развојот од скромните почетоци во 90-тите години до актуелната позиција во врвот на автомобилскиот бизнис во земјава.- Знаејќи ја брзината со која се менува индустријата со автомобили, развојот од мал, семеен, сервис за миење возила до претпријатие што припаѓа на значајна регионална групација, е подвиг што, веруваме, заслужува почит. Од стартот до денес „Ми-Да Гранд Моторс“ продаде над 10.000 нови патнички и товарни возила „Форд“, создаде мрежа од 430 флотни клиенти, меѓу кои се 15 општини, пет министерства, 15 амбасади и десет јавни претпријатија – истакнува Марјан Миновски, основач на Ми-Да и сегашен косопственик на „Ми-Да Гранд Моторс“.
Голем скок напред ова претпријатије оствари во 2012 година кога се засили со капиталот и со искуството на „Гранд аутомотив груп“ што функционира во рамки на израелскиот холдинг „Тавура“. Со нивна помош „Ми-Да“ стана дел од една широка мрежа во регионот чија цел е подигнување на нивото на услуги, унапредување на бизнисот и поефикасното задоволување на потребите на купувачите
Потврда дека компанијата веќе посветено работи на следните чекори од својот развој дојде со презентацијата на новото „Мондео“. Токму на оваа прослава на 20-годишнината на „Форд“ во Македонија моделот за првпат беше претставен во земјава, а воедно беше и меѓу првите промоции во Европа.
– Новото „Мондео“ има широка палета паметни технологии. Произведено е во целосно нова фабрика, а за неговата изработка се применети сосема нови процеси на производство. Дизајнот е фантастичен и зголемено е нивото на крајна доработка, односно употреба на материјали и финеси. Секако дека ова не е сè, новото „ФОРД Мондео“ нуди уште многу повеќе и затоа сме убедени дека ќе ја освои јавноста и – ќе го осветли патот  – вели Дритон Заири, генерален директор на „Ми-Да Гранд Моторс“.- Знаејќи ја брзината со која се менува индустријата со автомобили, развојот од мал, семеен, сервис за миење возила до претпријатие

Поврзани вести