НУМЕРОЛОГИЈА: Што сака да ви каже вашиот датум на раѓање за 2015 година?

Не ги слушајте само ѕвездите, бидејќи и бројките имаат нешто да ви порачаат во новата 2015 година.Освен во планетите, судбината ни ја одредуваат и броевите. Не е сеедно кога сте родени и кои броеви вам ви се наменети. Како се пресметува биоритамски број?
Тоа е всушност збир на броеви од денот и месецот на вашето раѓање, сведен не едноцифрен број. Ако на пример сте родени на 05. Ноември (5+1+1=7)
Еден
Би требало да ги довршите сите недовршени работи и да ги реализирате целите кои себе си одамна сте си ги зацртале. Ќе имате доволно енергија, мотивација и сила особено ако се занимавате со занимање кое подразбира социјално ангажирање, а тоа пред се се однесува на поединците кои се занимаваат со спорт.
Два
Ова е година во која можете да започнете многу работи за кои во претходните девет сте размислувале и сонувале, било да се работи за љубов или финансии. Бидете упорни и не се откажувајте од целите. Раководите се од инстинктот а не по логика. Пожелно е да имате резервен финансиски фонд.
Три
Влегувате во година во која вашиот талент и креативен потенцијал можат да дојдат до полн израз. На многу тројки ќе им се укаже можност за патување, нови љубовни авантури и дружење со пријателите. Годинава е посебно наклонета на тројките кои се занимаваат со уметност или со спорт.

 
Четири
Во Новата Година би требало да му се посветите на образованието и стручното усовршување, особено ако сте млади, а ве очекуваат и чести патувања во странство. Бидете реални во проценката на сопствените можности и потенцијали и направете план за работа. Рекреацијата и промената на начинот на исхрана ќе бидат многу важни за вашиот личен напредок.
Пет
Во оваа година напорно ќе работите за да постигнете некоја важна цел. И покрај препреките и ограничувањата, ќе бидете во ситуација да пробате нешто сосема ново, што ноже да ви донесе одговорни промени на работа. Чувајте ги зглобовите поради можна подложност на повреди.
Шест
Пред вас е година на љубов, романтични средби и познанства, дружење со млади, патувања и учење. Доколку сте во зрели години, веројатно ќе посакате да внесете некои промени во вашиот станбен простор, адаптирајте го или проширете го својот стан или куќа. Односите со членовите на семејството ќе бидат од пресудно значење за вас.

 
Седум
Дојде време да го унапредите своето знаење, посебно ако се занимавате со некое креативно занимање. Новата година ви носи можност за заљубување или влегување во брак или заеднички живот со партнерот. Со оглед на тоа дека сте љубител на ризикот ќе бидете во ситуација брзо да донесете важни одлуки.
Осум
Ве очекува професионална и финансиска сатисфакција со оглед дека датумот на раѓање како и во 2015 имате осмица, број кој симболизира моќ, пари и силна волја. Би требало да поведете повеќе сметка во сообраќајот, бидејќи годинава ви постои ризик од повреди.
Девет
Во наредната година би требало да се насочите кон финансиите, посебно ако планирате да вложите пари во некоја самостојна дејност. Ако се занимавате со уметност или медицина, годинава ќе ви биде погодна за усовршување и ширење активност.Освен во планетите, судбината ни ја одредуваат и броевите. Не е сеедно кога сте родени и кои броеви вам ви се наменети. Како се пресметува биоритам

Пронајдете не на следниве мрежи: