Оваа девојка го сруши табуто: Нејзината појава без марама предизвика БУРНИ реакции во Саудиска Арабија!

ТВ Ал Екбарија мораше да се извини и да вети дека овој скандал нема да се повтори. Ова е невиден случај во кој појавата на оваа водителка без марама на главата предизвика згорзување и скандал во таа конзервативна исламска земја.Неименуваната убавица која на ТВ Ал Екбарија секогаш се појавувала забрадена, одеднаш ги читала вестите од Лондон без марама на главата!
Строгите исламски закони во Саудиска Арабија им наложуваат на жените да ја покриваат главата со шал, вел, или марама. На државната телевизија се има случувано жени да се појавуваат гологлави во емисија, но на спикерките тоа никогаш им се нема случено.

Портпаролот на саудиската РТВ, Салех Ал Мугхаилиф, рече за Ал Тавасул њуз дека спикерката била без марама бидејќи ги читала вестите од дописничкото студио во Британија.
„Таа не беше во студиото во Саудиска Арабија. Ние не толерираме кршење на вредностите на нашата држава“, објасни тој и вети дека ваков инцидент нема да се повтори.
Инаку, жените од Саудиска Арабија немаат многу човекови права – не смеат да возат ниту автомобил, а нивното однесување и облекување стриктно го надгледува верската полиција.
Погледнете го водењето на оваа храбра девојка:
Неименуваната убавица која на ТВ Ал Екбарија секогаш се појавувала забрадена, одеднаш ги читала вестите од Лондон без марама на главата!
Ст

Пронајдете не на следниве мрежи: