Американскиот претседател Барак Обама доби позитивен одговор на барањето упатено до Конгресот да одобри воена интервенција врз Сирија. Двете партии во Сенатот дојдоа до заклучок дека сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за нападите со хемиско оружје против својот народ во Дамаск. Според одобрената резолуција, нападот врз Сирија би требало да трае 60 дена со можност да се продолжи уште еден месец, а тоа би требало да биде ограничен напад, јави Би-Би-Си.Американската јавност останува спротивставена на воениот удар. Имено, според анкета на агенцијата Пју, 48 проценти од Американците се против напад врз Сирија, 29 се за, а останатите не можат да се определат, додека според Ројтерс, 56 проценти се против, а само 19 се за.
Уште еден момент кој создава недоумица кај светската јавност е позицијата на Русија. Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди западните земји да не преземаат еднострана акција против Сирија, но од друга страна не ја исклучи можноста Москва да поддржи евентуална резолуција на ОН со која би се одобрила употреба на сила против Сирија доколку се докаже дека Дамаск користел хемиско оружје, а пред неколку Русија ја сопре испораката на ПВО ракети до Дамаск под изговор дека порачката не и била платена.Со ставот дека не би смеело воено да се интервенира без одлука на ОН се согласи и познатиот американски филозоф и аналитичар Ноам Чомски, кој јавно изјави дека ако САД дејствуваат без одобрување од ООН тоа ќе биде “воено злосторство”.
Официјален Дамаск, пак, вчера соопшти дека САД и Саудиска Арабија на територијата на Јордан и Турција обучуваат војници од Сирија и други земји за да се борат против режимот во Дамаск, пренесе Си Ен Ен. Дамаск, исто така, предупреди дека е можен напад врз Турција и Јордан, доколку се вклучат во воената операција предводена од САД.
mkd-news.comАмериканската јавност останува спротивставена на воениот удар. Имено, според анкета на агенцијата Пју, 48 проценти од Американците се против напад