Според информациите кои ги пренесоа странските медиуми, членовите на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат вчера постигнале договор за напад врз Сирија. Според овој предлог, претседателот Барак Обама ќе добие дозвола за употреба на сила врз Сирија во времетраење од 60 дена, со дополнителни 30 дена кои би ги добил со известување на Конгресот.
Сенаторите се надеваат дека вака формулирана, резолуцијата ќе успее да ги добие потребните 60 гласови во Сенатот.
Покрај тоа, дополнително, резолуцијата треба да биде прифатена и во Претставничкиот дом, каде што критиките се значително посилни, и каде што денес ќе се одржи расправа во Комисијата за надворешни работи.
Американскиот државен секретар Џон Кери, секретарот за одбрана Чак Хејгл и началаникот на здружениот Генералштаб, генералот Мартин Демпси вчера три и пол часа ги убедуваа сенаторите во потребата од напад врз Сирија, како одговор на хемискиот напад врз цивилни цели во кои над 1.400 лица беа убиени, многумина од нив деца.
Пол го оспори целиот процес во кој Обама побара согласност од Конгресот, но притоа најави дека не смета дека според Уставот е обврзан да ја побара таа согласност, додека Кери одбиваше да се обврзе дека претседателот ќе го почитува негативниот исход во Конгресот.
Според анкета на агенцијата „Пју“, 48 проценти од Американците се против напад врз Сирија, 29 се за, а останатите не можат да се определат.Според овој предлог, претседателот Барак Обама ќе добие дозвола за употреба на сила врз Сирија во времетраење од 60 дена, со дополнителни 30 дена к