По постигнувањето на договор помеѓу Обама и Путин за прашањето за хемиското оружје во Сирија, многу странски медиуми пишуваат дека Обама буквално паднал на колена пред Путин. Ако до вчера Обама и Американците ја уживаа улогата на „миротворци“ кои само сакаат мир и безбедност во светот, овој пат таа титула ја зема претседателот на Русија, Владимир Путин.
Претседателот на САД Барак Обама денеска го поздрави дипломатското залагање на рускиот претседател Владимир Путин во сириската криза, но отфрли негово тврдење дека сириските бунтовници се одговорни за нападот со хемиско оружје на 21 август.
„Мислам дека постои начин Путин, иако јас и тој многу се разликуваме, да има важна улога во тоа. Заради тоа, го поздравувам неговото ангажирање“, изјави Обама во интервју за Еј-Би-Си.
Аналитичарите пак велат дека Вашингтон е ранет, откако Обама му ја „даде“ нобеловата награда за мир на Путин.
-Да се сетиме дека џудото е омилената игра на Путин. А, џудото само по себе, бара трпение, будност и ненадеен напад. Токму тоа го стори Путин во пресметката со Обама и во сириската кампања воопшто, изјави Петар Левел, аналитичар.
Дел од аналитичарите сепак тврдат дека казната за Сирија е само одложена и оти ќе стаса по легален пат, она што до вчера, не успеаја да го постигнат западните земји.
„Да не заборавиме дека резолуцијата на Обединетите нации содржи можност за американски напад, ако Асад не го исполни договорот. Тоа би значел автоматски и легален напад врз Сирија. Затоа сметам дека западните сојузници сепак ќе се обидат да издејствуваат воена интервенција во Советот за безбедност“, изјави Џејмс Бејс, аналитичар од Њујорк.
Рускиот план што вчера беше усвоен во Женева, предвидува целото хемиско оружје на Асад да биде уништено до средината на 2014-та година.Ако до вчера Обама и Американците ја уживаа улогата на „миротворци“ кои само сакаат мир и безбедност во светот, овој пат таа титула ја