Обама во историска посета на Хирошима

Претседателот на САД овој месец ќе отпатува за Хирошима, каде што ќе ја означи првата посета од страна на Американски претседател отако САД ја фрли атомската бомба што направи штета од катастрофални размери.Белата Куќа во вторникот објави дека Обама ќе се се сретне со Јапонскиот премиер Шинзо Абе, во однапред закажана средба. Посетата на Обама ќе биде во знак на „поттикнување на мирот и безбедноста во свет без нуклеарно оружје“, изјавија од Белата Куќа. Во бомбардирањето на Хирошима на 6 август 1945 год. беа убиени 140 илјади Јапонци.
Посетата на претседателот се очекуваше уште откако државниот секретар Џон Кери го посети споменикот на бомбардирањето во месец април. Кери  го посети музејот на мирот заедно со други странски министри.
САД ја нападна Хирошима во последните денови од Втората Светска Војна, и со тоа го втурна светот во опасната Атомска Ера. Многу Американци веруваат дека бомбардирањето, заедно со она во Нагасаки на 9 август, ставија крај на војната.
Белата Куќа изјави дека Обама нема да се извинува за бомбардирањето.
Обама ќе биде во Јапонија како учесник на самитот G-7.Белата Куќа во вторникот објави дека Обама ќе се се сретне со Јапонскиот премиер Шинзо Абе, во однапред закажана средба. Посетата на Обама ќе биде

Пронајдете не на следниве мрежи: