Милионите граѓани на САД кои останаа без здравствено осигурување во рамките на реформата „Обамакер“, добија извинување од претседателот Барак Обама. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, под притисок на медиумите, кои секојдневно известуваат за болни граѓани кои останале без здравствена заштита, но и од конгресмени од неговата Демократска партија кои се соочуваат со притисок на гласачите, Обама го понуди првото извинување поради „Обамакер“.
„Се извинувам што се најдовте во оваа ситуација, поради гаранциите кои јас ги дадов“, изјави синоќа Обама во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.
Пред изгласувањето на законот „Обамакер“, во 2010 година, но и многупати потоа, Обама ветуваше дека сите граѓани кои веќе имаат здравствено осигурување и се задоволни со пакетот што го имаат, нема да бидат негативно погодени од законот. Но, поради повисоките стандарди кои „Обамакер“ ги бара од осигурителните компании, околу 4,5 милиони полиси беа прогласени за неважечки на 1 октомври, кога „Обамакер“ стапи во сила.
На удар се осигурителните планови кои не ги осигурувале граѓаните за некои интервенции, најчесто за водење на бременост, операции од кила, контрацепција или душевни болести, а кои според „Обамакер“ ќе мора да бидат дел од секоја полиса, што значи дека дури и ако осигуреникот е машко или жена во поодмината возраст, ќе мора да плати за водење на бременост.
Точниот број на граѓани на САД кои трпат последици поради „Обамакер“ само се претпоставува, бидејќи на една од овие полиси можат да бидат осигурани и по неколку членови на едно семејство, а се стравува дека конечната бројка може да изнесува до 15 милиони Американци кои ќе останат без осигурување.
Обама вети дека овие граѓани ќе можат да купат ново осигурување преку интернет страницата која Министерството за здравство ја подготви специјално за оваа цел, но страницата се уште не може да профункционира, поради сериозните дефекти при изработката.
Во средата вечерта, во Белата куќа Обама се сретна со 15 демократски сенатори, кои потоа ја информираа јавноста дека инсистирале претседателот што е можно поскоро да го среди хаосот околу „Обамакер“. Некои од демократските сенатори стравуваат за својот реизбор на изборите во 2014 година, а најзагрозените од нив веќе поднесуваат предлози до Конгресот да се одложи спроведувањето на „Обамакер“, истото барање поради кое опозициската Републиканска партија го повторува веќе долго време и кое доведе до политичка криза и блокада на централната Влада на САД на почетокот на октомври.
„Ако претседателот искрено жали што лажно ги наведе американските граѓани, најмалку што може да стори во овој момент е да поведе двопартиски напор да се најде решение. Во спротивно, неговото извинување не вреди ништо“, изјави републиканскиот спикер на Претставничкиот дом, Џон Бојнер.
Ниту еден републиканец не гласаше за „Обамакер“ кога таа беше изгласана, и партијата е посветена на целосно отфрлање на реформата, за која предупредуваат дека ќе доведе до државна контрола над здравството.
Обама и демократите ветуваа дека „Обамакер“ ќе им донесе здравствено осигурување на 30 милиони Американци, со што скоро целото население на САД ќе биде покриено, но засега резултатите се негативни. Од некои од американските држави се уште доаѓаат комични бројки за бројот на ново-осигурани граѓани кои успеале да се пробијат преку блокадите на интернет страницата и да обезбедат осигурување. Така, во Делавер, држава со милион жители, само четворица досега успеале да се осигураат преку „Обамакер“. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, под притисок на медиумите, кои секојдневно известуваат за болни граѓани кои останале без здравствена