Локација на која ќе може да се изградат 200-230 куќи во рамки на проектот „Купи куќа за млади“е обезбедна во општина Ѓорче Петров, информираше денес градоначалникот Сокол Митроски при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на општината.-Една локација во Стопански двор,која е одлична, сончева падина е. Се надеваме и бараме да се прошири. Од индустриската зона едно 40 хектари да се земат затоа што е извонредна локација. Тогаш ќе има локација за уште 600 куќи. До крајот на оваа година да го направиме планот со ресорното министерството, а идната година да почнеме со продавање на тие локации, вели Митроски.
Имено, со новите измени во законот за градење се предвидува секој граѓанин во Македонија да може да ја надгради својата куќа до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри и во случај ако надградбата на објектот не е предвиден во планската документација. Оваа мерка се однесува за куќи што се веќе изградени со одобрение за градење или се легализирани со Законoт за легализација на бесправно изградените објекти.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров информираше и дека за три индустриски зони во општината донесени се детални урбанистички планови.
-Во процедура се и се продаваат локации. Во две има, во најголемата која е во Стопански двор нема инфраструктура. Продадени се некаде околу 70 парцели и чекаме да почне изградбата, додава градоначалникот.-Една локација во Стопански двор,која е одлична, сончева падина е. Се надеваме и бараме да се прошири. Од индустриската зона едно 40 хектари да се