Американската вселенска агенција НАСА, изработи детален извештај за посетата на НЛО во 1991 година. Според извештајот кој го изработиле врвни научници, непознатиот летечки објект дошол во Земјината орбита кон крајот на 1991 година.Леталото било откриено од радарите на НАСА, кои цело време го снимале како лебди над Земјата.
Во документот со наслов „1991 VG“, бил опишан околу 10 метри голем објект кој „премногу се доближил до Земјата“. Тој зрачел со силна светлина. Научниците биле убедени дека не станувало збор за никаков астероид, метеор, или пак за сателит кој бил лансиран од Земјата.
Летечкиот објект бил прецизно изработен „леталото беше толку добро заоблено, така што единствениот заклучок е дека станува збор за напредна цивилизација“, стоело во документот. Споредувајќи го со сателитите, научниците откриле дека било посовршено од било кој друг објект што би можел да се најде во близина.
Според прецизното движење на леталото и активностите кои можеле да се видат на него, како што била промената на светлата и лебдењето, научниците процениле дека станува збор за класична мисија за набљудување.
„Нешто нѐ гледаше. И ќе нѐ гледа повторно. Веќе во 2016 година“, се наведува во извештајот на НАСА.
Леталото било откриено од радарите на НАСА, кои цело време го снимале како лебди над Земјата.
Во документот со наслов „1991 V