Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот меѓународен стрип конкурс ,којшто е во склоп на Меѓународниот Салон на стрип- се организира секој октомври во Велес.Според критериумите ,рокот за поднесување на стрип делата е 15 септември 2014 ,должината на стриповите треба да биде од 1 до 6 табли, А4 формат, (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат).Меѓународниот стрип салон во Велес има посебно значење за подемот на македонската стрип сцена ,пред се им овозможи на ,тогаш, млади стрип автори- контакти со стрип автори и организатори на стрип фестивали од регионот. Кoнтактите стекнати кај нас продуцираа нови и нови познанства ..
Медиумската поддршка но и присуството на реномирани светски стрип автори на оваа реномирана манифестација си го прават своето .Но, исто така, овој стрип салон има и свое регионално влијание зашто по нивно признание ,за дел од земјите салонот во Велес е прва можност кадешто и нивни автори се афирмираат надвор од нивните земји,што процес секако продолжува непрекинато.
На ланскиот стрип салон присуствуваше и . министерката за култура на Р.Македонија г-ѓа Елизабета Канчевска-Милевска што доведе до зголемен број на стрип проекти во Годишната програма за култура на Р.Македонија.
На последниот конкурс учествуваа рекордни 143 стрипа од автори од цел свет. СЦМ-Велес очекува овој број да се зголеми бидејки веќе се пристигнати првите стрипови од разни земји (Србија, Црна Гора, Тајван.Mароко…) а за првпат ова година организаторот официјално ги покани сите основни училишта низ Македонија.Меѓународниот стрип салон во Велес има посебно значење за подемот на македонската стрип сцена ,пред се им овозможи на ,тогаш, млади стр