Објавено видеото од обезглавувањето на вториот американски новинар!

Во вторникот, радикалната група Исламска држава објави видео од обезглавувањето на вториот американски новинар.Во видео, снимено со две камери, со наслов „втора порака до Америка“, Стивен Сотлоф е облечен во портокалова облека, клекнат во пустина пред човек во црно, кој држи нож.
На видеото, Сотлоф изгледа неверојатно смирен и изјавува: „Јас сум Стивен Џоел Сотлоф. Сигурен сум дека досега знаете кој сум јас и зошто се појавувам пред вас.“ Потоа тој чита порака, напишана од киднаперите. Неговиот киднапер изјавува: „Се вратив Обама, поради твојата арогантна надворешна политика против Исламската држава“, при што се забележува лондонскиот акцент.

Снимката е слична со видеото од обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли пред 2 недели. Се забележува дека егзекуторот во тоа видео исто има лондонски акцент, иако сеуште не е јасно дали ова беше истиот човек.
Преку видеото, Исламската држава се закани дека ќе убие уште едно лице, идентификувано како Дејвид Которн Хејнс.  Во видео, снимено со две камери, со наслов „втора порака до Америка“, Стивен Сотлоф е облечен во портокалова облека, клекнат во пустина

Пронајдете не на следниве мрежи: