Објавете го кога ќе умрам: Тијаниќ оставил интервју како тестамент

Често во сонот ми се јавува Подуево, куќата на дедо. Не, немам јас денес никој во Косово…Често во сонот ми се јавува Подуево, куќата на дедо. Не, немам денес никој во Косово. Ме чекаат Дечани. Полека умирам, стоејќи на нозе како некој вид на диносаурус.
Ова е последното интервју на Александар Тијаниќ, кое го даде за NIN, неделник за кој пишуваше со децении. Побарал: „Објавете го ова кога ќе умрам“ и додал „не би сакал српското новинарство да памти.“
– Јас длабоко ја презирам професијата со која се занимавам. Новинарство, тоа е слој на робови. Не знам ни сам што барам во новинарството 4 децении. Кога се ќе соберам, има само  десет текстови кои можат да го изразат она што јас мислам дека сум навистина јас. Само десет од илјадници текстови кои сум ги напишал, – рекол Тијаниќ и се насочи кон својот заштитен знак.

 
– Се преправам, за луѓето да не го видат мојот страв. За да не ме презираат поради мојата кукавичност. Затоа се правам храбар во ситуации кои се лудачки. Списокот на мои непријатели е „кој е кој во Србија од најмоќните луѓе.“ За да преживеам со тие непријатели јас морав да бидам ѕвонар во Богородичната црква – ружен, грбав, никаков. Но да ѕвонам многу далеку – заклучува Тијаниќ.
Признава дека Тиркет (Богдан Тирнаниќ) искрено го сакал. „Мојот и неговиот стил се две работи. Уште се сеќавам кога Дара Џокиќ на погребот на Тиркет ми рече: Тјаниќ, сега си сам, пази што правиш.“
– Би сакал да оставам две, три книги со свои текстови. И само студентите по новинарство да видат каков лудак бил Тијаниќ, да земат и прочитаат неколку текстови. Последните дванаесет години од мојата работа, тоа не беше новинарство, туку борба за глава – изјавил Тијаниќ.Често во сонот ми се јавува Подуево, куќата на дедо. Не, немам денес никој во Косово. Ме чекаат Дечани. Полека умирам, стоејќи на нозе како некој в

Пронајдете не на следниве мрежи: