Облечете се во стилот на Африка

По се изгледа дека континентот Африка е неисцрпен извор на идеи кога станува збор за мода, особено во текот на летните месеци.
Ви посочуваме неколку совети, со кои ќе го доловите африканскиот стил.
Марама
Ќе речете дека ве гуши, ве нервира, ви создава топлина… Можеби делува како непотребен детал поради високите температури, но доколку изберете пријатна марама изработена од памук или свила ќе се заштитите од штетните сончеви зраци. За да бидете во тренд, носете марами со жолти и портокалови нијанси.

Накит
Неизбежен е секако накитот. Повеќе од јасно е дека морате да најдете алки со силни и впечатливи бои. Жолтата е хит ова лето, а во палетата слободно додадете циклама, розова, тиркизна или виолетова со ситни детали во пастелни нијанси.

Фустан
Секако дека вашата летна гардероба се состои од многу фустанчиња, во нив е најпријатно во топлите денови. Материјалите на фустанот треба да бидат природни, а кројот полежерен. По однос на боите можете слободно да си поиграте.
 

Не ќе биде лошо да си набавите по некое шарено парче облека или моден додаток за овој период од годината. Нема да погрешите!По се изгледа дека континентот Африка е неисцрпен извор на идеи кога станува збор за мода, особено во текот на летните

Пронајдете не на следниве мрежи: