Интегрален тект од обраќањето на Никола Груевски по повод националниот празник посветен на Свети Сава.Почитуван Претседател на Република Српска, г-дине Додик,
Почитуван потпретседател на Владата на Република Македонија г-дин Владимир Пешевски,
Почитуван Заменик-Министер за култура, г-дине Недељковиќ,
Почитувани министри и претставници на Владата на Република Македонија,
Почитувани пратеници во Парламентот на Република Македонија
Почитуван Амбасадор на Србија во Република Македонија, г-ѓо Душанка Дивјак-Томиќ,
Почитуван Претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, г-дине Стоиљковиќ,
Почитувани припадници на Српската заедница во Република Македонија,
Драги пријатели,
Најпрво дозволете ми да се заблагодарам на поканата и да го изразам своето задоволство што можам да Ве поздравам на оваа манифестација и да Ви упатам најсрдечни честитки по повод националниот празник посветен на Свети Сава.
Оваа година веќе се одбележуваат девет години од официјалното воспоставување на 27 јануари како празник и неработен ден за српската заедница во Македонија. Девет години во кои заеднички одбележуваме, девет години во кои заеднички прославуваме. Тоа е нашата трајна определба, определба за почитување, одбележување и негување на сите идентитетски обележја на заедниците во Република Македонија.
Тоа е во кодот на нашиот народ, затоа што во нашата историја, но и во нашата сегашност, македонците добро знаат што значи да бидеш почитуван и респектиран, но исто така знаат и што значи да бидеш омаловажуван и деградиран. Токму затоа, сите овие години наназад ние градиме општество базирано на почит и соработка, како позитивен пример за тоа како треба со другиот со кој имаш извесни разлики, но и многу заеднички сличности. Тука пред се мислам на народите со кои делиме иста историја, ист животен простор, исти проблеми и маки, исти цели и предизвици. Единствен одговор на ваквите прилики на Балканот е меѓусебното почитување.
Во тој дух, денес го одбележувамеденот посветен на Свети Сава, големиот српски просветител кој има исклучително значење за културниот и духовниот развој на српската етничка заедница. Воедно, Свети Сава има големо значење и за негување и ширење на христијанството на Балканот и токму затоа ни претставува чест и задоволство да го прославиме овој празник.
Ваквите празници се одлична прилика уште еднаш да ги истакнеме нашите заложби за заеднички придонес кон исполнување на сите цели кои се од значење за Република Македонија и од значење за македонскиот и српскиот народ.
Српската заедница во Република Македонија од секогаш била значаен фактор кој активно придонесува во општествениот, економскиот и политичкиот развој на нашата држава. Уверен сум дека таквата позитивна улога и понатаму ќе биде обележје на српската заедница и заеднички ќе продолжиме во сите идни предизвици, а пред се во делот на идните мерки и проекти за обезбедување на економскиот раст на државата, подобрување на стандардот на граѓаните и реализација на сите реформи кои значат напредна, модерна и перспективна Република Македонија.
Во исто време, уверен сум дека ќе продолжиме со сите потребни активности кои значат мост на соработка помеѓу Македонија и Србија, мост на соработка во делот на културата, економијата, трговијата, глобалните предизвици, меѓународната безбедност и сите останати останати полиња во кои имаме заеднички интереси. На тој пат, нашите народи се наша водилка, а ако погледнеме кон таа водилка ќе видиме голема блискост и голема почит.
Така нека биде и во иднина! Тоа нека биде и порака до следните генерации, порака за заедништво, за почит и за силна меѓусебна соработка.
Ви посакувам добро празнично расположение, среќна слава за сите оние кои денес имаат куќна слава, многу здравје, среќа и бериќет во вашите семејства.
Нека Ви е честит големиот празник и нека е за многу години !Почитуван Претседател на Република Српска, г-дине Додик,
Почитуван потпретседател на Владата на Република Македонија г-дин Владимир Пешевск