Лидерот на крајнодесничарската партија „Златна зора“ и уште четворица пратеници од партијата синоќа беа официјално обвинети за учество во криминална организација со цел за извршување на злосторства.Апсењата покажуваат дека грчката Влада се обидува да ја уништи партијата позната по својата жестока антиимигрантска позиција.
Уапсени се лидерот на „Златна зора“ Никос Михалолиакос, портпаролот на партијата Илиас Кадидиарис, Јоанис Лагос, Никос Михос и Илиас Панајотарос. Се трага по уште еден парламентарец, Христос Папас, се наведува во соопштението на обвинителството.
Во акцијата се приведени уште 15 лица, вклучително 13 членови на „Златна зора“ и двајца полицајци. Се очекува тие да бидат изнесени пред обвинител и истражен судија. Обвиненијата против нив се истите. Во соопштението на обвинителството се наведува дека уапсените и лицата по кои се уште се трага се осомничени за убиства, напади, експлозии и уцени.
Портпаролот на полицијата Христос Пагонис изјави дека контратерористичките единици се уште трагаат по 12 осомничени, вклучително еден пратеник. При претресот на домот на лидерот на „Златна зора“ се запленети два пиштоли, оружје без дозвола, голем број муниција и над 43.000 евра во кеш. Одземени се и компјутери.
Грчката Влада нареди истрага против „Златна зора“ по убистото на раперот Павлос Фисас, на 18 септември, од човек што се декларирал како член на „Златна зора“.
Според грчкото антитерористичко законодавство, учеството во престапна организација е тешко кривично дело, за кое пратениците од „Златна зора“ може да бидат судени и без да им се одземе пратеничкиот имунитет.Апсењата покажуваат дека грчката Влада се обидува да ја уништи партијата позната по својата жестока антиимигрантска позиција.