ОЧАЈ НА ЕДНА МАЈКА: „Ми го уништија детето во клиника. Еве што направија од него!“

„Дали ќе бидете од оние коишто немаат храброст ниту да ги погледнат фотографиите од овој ангел кој поради нечие невнимание се најде во ваква ситуација?“ – го пренесе писмото на една очајна мајка сајтот Ексклузива.Имате ли доволно храброст да го прочитате трогателното писмо на една мајка чиј живот со години се сведува на начин што нејзиниот глас се слуша против оние коишто ја уништија нејзината иднина? Тие луѓе се келари од УКЦС Сараево. Оваа објава го трогна регионот!
„Драги наши,
Денес поминаа точно пет години откако нашите добри доктори од Детската клиника УКЦС во Сараево нѝ го загорчија мирниот и нормален живот. На денешен ден пред 5 години, споменатите доктори се обидоа да му вградат стент на нашиот Алишан во каналот од левиот бубрег. Стентот не успеаја да го пласираат, но затоа успешно покренаа инфекција.“
Поради негрижа и невнимание на многумина, а и на врвните доктори на ДЕТСКА ХИРУРГИЈА УКЦС во Сараево, инфекцијата не е спречена на време. Алишан доби СЕПСА, т.е. труење на крвта.
Инфекцијата можеше да се запре на време доколку врвните доктори на ДЕТСКА ХИРУРГИЈА УКЦС во Сараево ги преземаа стандардните дејствија и негата која им се пружа на пациентите по било кој хируршки зафат.
Алишан по оперативниот зафат не доби никаква антибиотска заштита на организмот, а беше само мало бебе на возраст од 2 ипол месеци, бебе кое во тоа време сѐ уште немаше изграден имунитет.

Го оставија на милост и немилост на вируси, бактерии итн.
Алишан по операцијата немаше НИКАКВА НЕГА, НЕ МУ Е ИСПИТАНА КРВТА, а исто така не беше преземено сѐ останато што се презема кај пациенти кои имале и НАЈМАЛ ОПЕРАТИВЕН ЗАФАТ!!!
Благодарение на тие експерти, Алишан беше доведен во состојба по која му беа ампутирани одредени делови од телото, т.е. од мало бебе направија 100% инвалид!
Му благодарам на драгиот Бог што сепсата е запрена, но двете стапала и рацете настрадаа од гангрена.“
Очајната мајка во писмото наведува дека веќе 5 години трае правната битка против клиниката и дека се надева на конечна победа на правдата и вистината не само заради Алишан, туку и заради луѓето на кои им е потребна одлична и квалитетна медицинска нега.
„Нам нѝ се потребни доктори, но одлични и квалитетни доктори, а не корупмирани коцкести глави. За помалку од месец дена одиме во Минхен, во Клиниката Шванбинг. Дури сега започнува вистинското лекување за Алишан. Пред нас се 5 оперативни зафати што ќе се изведат на неговите раце.
Оперативните зафати се скапи. Еден оперативен зафат со престој во германската клиника чини 9150 евра, што значи дека за 5 оперативни зафати нѝ се потребни 45.750 евра само за болнички трошоци!
Секако, најголемата благодарност оди на името на експертите од Детската хирургија УКЦС Сараево на добро завршената работа! Добро нѝ го загорчивте животот!“Имате ли доволно храброст да го прочитате трогателното писмо на една мајка чиј живот со години се сведува на начин што нејзиниот глас се слуша прот

Пронајдете не на следниве мрежи: