Очекуваме од Владата ветувањата да не ги релативизира во временски дел, туку што поскоро да ги реализира

За да стигнеме до просечна плата од 500 евра, Македонија треба да оствари прилично висок економски раст, или последователен од 8 проценти.Оваа влада има прилично оптимистични очекувања за растот на економијата, директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски во гостување на ТВ Нова кажа дека треба да ја стимулираат оваа влада да го оствари тоа ветување, бидејќи така ќе бидат граѓаните посреќни.Прилично оптимистична и јас ја поздравувам, кога навистина би била така и мислам дека нема граѓани кој не очекува ова ветување да стане реалност. Треба да ја стимулираме оваа влада што поскоро да оствари ова ветување, бидејќи на тој начин ние ќе добиеме побогати сограѓани, посреќни сограѓани, бидејќи нормално е дека доколку граѓаните располагаат со поголеми финансии од она што било претходно, дека ќе бидат посреќни и ќе имаат поквалитетен живот, изјави Мицковски.
Мицковски кажа дека треба да знаете што сте ветиле, бидејќи кога ќе ветите нешто, ја барате довербата на граѓаните и определувате рок за реализација на тоа ветување, не можете после кога ќе се смени улогата да го релативизирате сето тоа.
-Но, да ја видиме реалноста, кога давате изјава од аспект на политичар кој претендира да стане мандатар, а понатака и премиер е едно, кога сте премиер и кога треба да ги исполните тие ветување, треба да знаете што сте ветиле, бидејќи кога ќе ветите нешто, ја барате довербата на граѓаните и определувате рок за реализација на тоа ветување, не можете после кога ќе се смени улогата да го релативизирате сето тоа. Сега тој рок не е тоа што го ветував, тој рок ќе биде малце подолг, изјави Мицковски.
Тој кажа дека владат треба што поскоро да ги оствари ветувањата, а не да ги релативизира во временскиот дел.
-Ние треба да потсетуваме премиерот какво ветување дал и треба што повеќе да го стимулираме тоа ветување да го реализира, бидејќи на крајот на денот, во интерес на сите политичари би требало да биде една цел, а тоа е да имаат што посреќни граѓани со поквалитетен живот. Затоа очекуваме ова ветување не да го релативизира во временски дел, туку што поскоро да го реализира, изјави Мицковски.
 Прилично оптимистична и јас ја поздравувам, кога навистина би била така и мислам дека нема граѓани кој не очекува ова ветување да стане реалност. Т

Пронајдете не на следниве мрежи: