Очекуваме предлог законот за докторска дејност да биде изгласан

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата минатата недела поднесе предлог закон за докторска дејност. Очекуваме овој закон да биде изгласан од страна на сите пратеници во Собранието на Република Македонија бидејќи се работи за закон кој би ги опфатил сите доктори и доктори специјалисти, изјави денеска на прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.Предлог законот е работен темелно изминатиов период како од сегашните така и од претходните пратеници доктори од минатиот состав, со што законот беше предвиден да се донесе на крајот од минатиот мандат, но поради политичката состојба никогаш не дојде на дневен ред. Да потенцираме дека овој закон има дополнителна тежина бидејќи е работен во консултација со Лекарската комора, Здружението на лекари и Синдикатот.
Овој закон за докторска дејност предвидува плата на доктори специјалисти да изнесува четири и пол просечни плати или 100.000 денари нето, додека пак општите доктори со законот е предвидено да земаат две и пол просечни плати односно 56.000 денари нето плата.
Најголема придобивка од донесувањето на овој Закон за докторска дејност е предвиденото вреднување на докторскиот труд односно утврдување на висината на платата преку колективен договор, која што би ја земале општите  доктори и докторите специјалисти од примарно, секундарно и терцијално здравство.
Со овој закон нудиме и системско решение со кое ќе се подобри квалитетот на здравствениот кадар, квалитетот на здравствените услуги за граѓаните и ќе се спречи одливот на здравствените мозоци во странство.
Со овој предлог закон за кој сметаме дека ќе го изгласаат сите пратеници од Собранието, најмногу ќе добие македонското здравство преку квалитетни услуги на докторите, а уште повеќе ќе добијат пациентите, бидејќи ќе се потенцира и надгради односот помеѓу докторите и пациентите.
ВМРО-ДПМНЕ со овој предлог закон не само што ќе го надгради здравствениот систем од кој најголем бенефит ќе имаат пациентите и докторите, туку и ќе се заокружи циклусот на инвестициите од страна на ВМРО-ДПМНЕ изминативе години кои изнесуваат стотици милиони евра.
Сега, пратениците на парламентарното мнозинство и СДС се на потег. Ако навистина им е грижа за докторите и пациентите, ќе го поддржат овој закон, пред се бидејќи ова е позитивен импакт за докторите, но и заради сите оние ветувања кои ги дадоа во текот на предизборието.
 Предлог законот е работен темелно изминатиов период како од сегашните така и од претходните пратеници доктори од минатиот состав, со што законот бе

Пронајдете не на следниве мрежи: