Пред првото сексуално искуство и пред партнерот да ги откопча панталоните, секоја девојка поинаку го замислува машкиот полов орган. Затоа, освен стравот од половиот однос, се појавува и страв од „машкиот алат“ со кој девојката за прв пат се сретнува. Иако пред средбата со „него“ секоја девојка видела пенис на телевизија, интернет или некое списание, првата средба „очи в очи“ знае да биде поприлично чудна и изненадувачка. Еве како некои Македонки ја доживеале.
Совршено обликуван „господин“
„Бевме заедно во одделение и половина живот се „свиѓавме“ еден со друг, но се смувавме дури во трета година средно. Поради него раскинав шест-месечна врска со тип кој беше постар од мене две години, па тој претпостави дека не сум невина, што за жал, не беше вистина. По три дена врска ме одведе во училишниот тоалет и без предупредување само ги откопча панталоните. Што е најдобро, и покрај шокот, не се чувствував непријатно, ме преплави возбудата што конечно го гледам „тоа“ во живо. Се плашев дека последна во одделението ќе ја имам таа средба со „господинот“. А и имаше што да се види. Беше обрежан и со совршено правилен облик, така сочно розеникав што години подоцна ми се допаѓаше. И понатаму со задоволство се сеќавам на него иако веќе 9 години не сме заедно“, вели А.П (29).
Сосема пристојна тиквичка
„Имав 17 години и тој исто така. Блиската средба од тој вид ја закажавме за во вторник навечер, кај него ( ги помнам деновите како луда). Страшно се исплашив бидејќи тоа ми беше прв секс, а и тој исто така беше исплашен бидејќи и нему му беше прв пат. И двајцата бевме исплашени, па немаше ништо од ерекцијата. Кога ги соблече боксериците, ми помина низ глава: Ауу, па овој пенис нема ни три сантиметри! Ми изгледаше како соџвакана мастика или полжав.
Така. По тој дебакл долго не разговаравме на темата секс. Потоа една вечер спонтано се дофативме и кога го зедов во раце, помислив како полжавко убаво се развил во сосема пристојна тиквичка ( не знам зошто баш тиквичка). Неговиот пенис до денес ми остана во сеќавање како еден од најдобрите, мек и чист. Тиквичка- прсти да излижеш“, вели М.В (30)
Интересна играчка
„Би сакала да кажам кога за прв пат видев пенис ми беше секси, но некој да гледаше од страна веројатно би се превртел од смеа. Излезе од боксерките и верувам дека ги ококорив очите. Морам да признаам дека пристапив како кон некоја интересна играчка, иако механиката е многу едноставна, па помина фино“, додава И. Ѓ (36)Иако пред средбата со „него“ секоја девојка видела пенис на телевизија, интернет или некое списание, првата средба „очи в очи&ldq