Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, и организаторите на Баскерфест на денешната прес-конференција ги највија содржините на годинашново издание на уличниот фестивал кој од 10 до 19 јуни ќе се одржува во Скопје.- Ги повикувам граѓаните на Скопје да дојдат на Плоштад Македонија и 10 дена да уживаат во настапите на искусните жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти и музичари што се дел о фестивалот Баскерфест 2016. Уличниот театар под отворено небо веќе 11 години носи позитивни вибрации во нашиот град со настапите на атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од утре /10 јуни, петок/ па се до 19 јуни, во Скопје на Плоштад Македонија, посетителите секојдневно од 19 часот, па се до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од целиот свет: Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд, Шпанија и други држави. Програмата ќе се одвива на три бини, а во вечерните часови на истото место планирани се настапи на повеќе музички групи и пивска градина. Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје и го поддржуваме со 900.000 денари. Сакам да ја искористам оваа можност и да им се заблагодарам на организаторите на Баскерфест, на овој врвен уличен фестивал, за придонесот кој го даваат за да го збогатат забавниот живот на граѓаните на Скопје, а исто така и да се заблагодарам на претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и на советниците коишто ни даваат подршка да реализираме вакви проекти, истакна градоначалникот Трајановски.
Организаторите на Баскерфест најавија дека Фестивалот ќе го отворат:
магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер. Исто така, ја најавија парадата составена од учесници на фестивалот што ќе тргне од пред хотел Бристол и движејќи се по улица Македонија ќе стигне до Плоштад Македонија, како и новитетот годинава – „Галерија под отворено небо“ на која уметници од нашава земја ќе можат да ги изложат своите дела.
И годинава за најмладите ќе има детско катче, односно детска креативна работилница каде што децата ќе можат да се забавуваат и да ги покажат своите таленти.
Во склоп на „Баскерфест“, во сабота 11 јуни, на „Градска Плажа Парк“ ќе се одржи и „One Day Fest“, спектакуларна забава со пена и учество на многу баскер артисти.
Баскерфест годинава ќе се одржува и низ 10градови во Македонија. Секој град барем неколку денa ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност.Баскерфест 2016 започнува утре, 10 јуни, а ќе трае се до 13 јули, односно еден месец.- Ги повикувам граѓаните на Скопје да дојдат на Плоштад Македонија и 10 дена да уживаат во настапите на искусните жонглери, акробати, тан